Желудочниот карцином денес не е толку чест малигнитет во САД. Во 1930, желудочниот карцином бил најчест фатален карцином во САД, но неговата инциденција и стапката на морталитет опаднале во изминатите 65 години. Инциденцијата на желудочниот карцином е намалена ширум светот, но тој се уште останува втор најчест карцином во светски рамки. Највисока инциденција на желудочниот карцином е регистрирана во Јапонија, но високи стапки се забележуваат и во Јужна Америка и Источна Европа. Опагачката инциденција на желудочниот карцином се поврзува со замрзнувањето на храната и намалувањето на консумацијата на солена, димена и конзервирана храна. Атрофичниот гастритис, фамилијарната хипогамаглобулинемија, желудочните полипи, фамилијарната полипоза, претходните хируршки интервенции на желудникот, крвната група А и МепеШег-овата болест се идентификувани како ризик фактори за желудочен карцином. Забележан е петпати поголем ризик за желудочен карцином кај пациентите со фамилијарна гастрична полипоза. Хроничниот гастритис поврзан со инфекцијата со НеНсокасГегру1оп исто така е асоциран со желудочниот карцином. Желудочниот карцином е три до четири пати почест кај мажите отколку кај жените.
Клинички карактеристики
Абдоминалната болка, постпрандијалната болка, акутното или хронично гастроинтестинално крвавење, како и железо-дефицитната анемија се типични симптоми и знаци на желудочниот карцином. Рано заситување, диспепсија и губењетп на тежина често се забележуваат. Гастричните карциноми често ендоскопски се гледаат како улцерации; гастричните улцери треба да подлежат на биопсија, бидејки 15% од таквите улкуси се малигни. Истражувањата на киселоста треба да бидат дел од комплетната евалуација на желудочните улкуси, бидејки бенигните улкуси не се срекаваат кај пациентите со ахлорхидрија. Бенигните желудочни улкуси кои се третираат агресивно со Н2 блокери обично заздравуваат за период од 6 недели. Ако бенигниот улкус перзистира и покрај агресивната терапија, индицирана е повторна биопсија за да се исклучи желудочниот аденокарцином. Туморите на панкреасот треба да се земат предвид во случаи на незаздравување на желудочните улуси (т.е., гастрином кој води до 2о11т§ег-ЕШбоп-ов синдром). Хепатомегалијата, асцитот и лимфаденопатијата во периумбиликалните или супраклавикуларните региони се доцни знаци.
Дијагнозагнозата на желудочниот карцином обично се поставува со ЕСБ и биопсија. На улкусите или другите сомнителни лезии на желудочната мукоза треба да се направи биопсија и да испита под микроскоп. Хиперпластичните полипи се асоцирани со малигна трансформација и треба да се отстранат. Пациентите со полипи и пациентите со роднини од прво колено кои имале желудочен карцином треба да се подложат на ендоскопски мониторинг.
Патологија
Најголемиот број на желудочни карциноми се аденокарциноми. Малигните клетки обично потекнуваат од мукозните клетки кои ги обложуваат желудочните крипти. Најчестите хистолошки типови се папиларни, тубуларни, муцинозни, прстенести или чисто-клеточни, како и аденосквамозни. Класичниот желудочен карцином се состои од прстенести клетки, наречени така поради муцинозните вакуоли кои ги потиснуваат јадрата настрана. 1лпШб ркзИса е клиничко-патолошки тип кој се карактеризира со екстензивно субмукозно зафакање. Овој поттип на желудочен карцином обично го вклучува целиот желудник и обично се дијагностицира во напреднат стадиум. Најчестата локација на гастричниот карцином е фундусот. Пилорусот е помалку често место за желудочниот карцином.
Евалуација и степенување
Евалуацијата на желудочниот карцином вклучува евалуација на локалното и регионалното ширење на туморот, како и отсуството или присуството на далечни метастази. ЕСБ со биопсија, абдоминален
КТ скен, рендгенграфија на градниот кош, како и комплетен физикален преглед обично се доволни за поставување на дијагнозата и процена на ширината на локалната болест, зафакањето на регионалните лимфни јазли и далечните метастази. Напорната потрага по далечни метастази обично е непотребна, освен ако не се видливи знаци или симптоми на метастатска болест. На пример, ако нивото на алкалната фосфатаза е зголемено или е присутна болка во коските, потребно е да се направи скен на коските и снимки на сомнителните делови. Ако се присутни невролошки знаци или симптоми, треба да се направи магнетна резонанца на главата или рбетот (МШ) за да се потврдат или исклучат метастазите како причина на знаците или симптомите.
Терапиjа и прогноза
Хируршкиот зафат е единствениот познат куративен тратман за желудочниот карцином. Стапката на 5-годишното преживување за пациентите со комплетно ресециран стадиум I на желудочен карцином е 60%, но помалку од 20% од пациентите во САД се дијагностицираат во стадиум I. Помалку од 30% од пациентите со стадиум II и само 15% од тие со стадиум III на болеста преживуваат 5 години. Адјувантната хеморадиотерапија се препорачува за пациенти кои имаат позитивни маргини или голема остаточна болест по хируршки зафат, а треба да се земе предвид за сите пациенти по хируршка ресекција.
За пациентите со иноперабилна болест или микроксопски хируршки граници, радиотерапијата може да понуди палијација со подобрување на локалната контрола на болеста, но преживувањето не е продолжено. Предоперативната хемотерапија за пациентите со локално напреднат или нересектабилен желудочен карцином се евалуира, затоа што добриот иницијален одговор се чини дека го зголемува бројот на пациентите кои тогаш можат да се подложат на куративна хируршка интервенција. Пациентите кои имаат добар статус на остварување и желудочен карцином кој е иноперабилен треба да се земат предвид за предоперативна хемотерапија. Хемотерапијата може да биде од помош за пациентите со дисеминирана болест или болест која е рефракторна на зрачење.
Скрининг програмите кои користат ендоскопија можат да го продолжат преживувањето со рана дијагноза и третман. Инциденцијата на желудочниот карцином е многу висока во Јапонија, а тамошните скрининг програми докажале дека се исплатливи. Рутинскиот скрининг не се препорачува во регионите каде што инциденцијата на желудочниот карцином е ниска.
