Онкологија

Карцином на панкреасот

Инциденцијата на карциномот на панкреасот е во пораст, но тој останува релативно редок тумор. Карциномот на панкреасот обично е аденокарцином, а потеклото на клетки е од епителните клетки на каналот. Пушењето цигари го зголемува ризикот за развој на карцином на панкреасот за шест пати.

Инциденцијата на карциномот на панкреасот е во пораст, но тој останува релативно редок тумор. Карциномот на панкреасот обично е аденокарцином, а потеклото на клетки е од епителните клетки на каналот. Пушењето цигари го зголемува ризикот за развој на карцином на панкреасот за шест пати. Карциномот на панкреасот е често фатален за брзо време, а симптомите кои се асоцирани со него се тешки за справување. Присутните симптоми вклучуваат абдоминална болка или безболна жолтица и желудочна опструкција, диспепсија, стеатореа и малапсорпција.

Најголемиот број на пациенти со карцином на панкреасот имаат иноперабилна болест при поставувањето на дијагнозата. Само за 30% се смета дека се операбилни по иницијалната евалуација, вклучувајки детален физикален преглед, лабораториска евалуација, радиографија на градниот кош и абдоминален КТ скен. За оние со ресектабилна болест, стандардна препорачана хируршка процедура е панкреатодуоденектомија со гастројејуностома (т.е., \УћЈрр1е процедура). Постои стапка од 50% до 60% на постоперативни компликации и стапка на морталитет до 10%. Тие што ја преживуваат ^Лнрр1е процедурата често развиваат с1итрт§ синдром каде што внесувањето на храна води до брз транзит на фекалната содржина.

Карциномот на панкреас има агресивен клинички тек. Најголем дел од симптомите се поврзани со локалното ширење на туморот: болка, билијарна или интестинална опструкција и анорексија. Ретко се гледаат и паранеопластични феномени како што се дисеминирана интраваскуларна коагулопатија и миграторен тромбофлебитис (синдром на Тгоизбеаи).

Палијативниот третман за пациентите кои не може да се подлегнат на комплетна ресекција треба да се фокусира на симптомите кои бараат палијација. За пациентите со добар статус на остварување и без опструкција, радиотерапијата, радиотерапијата со хемотерапија, или хемотерапијата можат да помогнат да се одложи опструкцијата и онеспособувачката болка. Нема докази дека ирадијацијата или хемотерапијата го подобрува преживувањето, иако пациентите третирани со гемцитабин имаат значајно подобрување на симптомите. Мегестрол ацетатот може да го подобри апетитот и општата благосостојба; опијатните и неопијатните аналгетици обично се соодветни за болката; а процедурите за дренажа на желудникот или жолчката обезбедуваат олеснување на симптомите на опструкцијата.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button