Тумори на тестисите
Карциномот на тестисот е најчестиот малигном кај мажите помлади од 35 години. Инциденцијата
на карциномот на тестисот е поврзана со возраста: ниска инциденција од 2.6 случаи на 100 000 мажи се сретнува во текот на адолесценцијата, но инциденцијата се зголемува до околу 13 случаи на 100 000 млади возрасни мегу 25 и 39 годишна возраст.
Карциномот на тестисот е најчестиот малигном кај мажите помлади од 35 години. Инциденцијата
на карциномот на тестисот е поврзана со возраста: ниска инциденција од 2.6 случаи на 100 000 мажи се сретнува во текот на адолесценцијата, но инциденцијата се зголемува до околу 13 случаи на 100 000 млади возрасни мегу 25 и 39 годишна возраст. На 60 години, инциденцијата е повторно ниска. Севкупната инциденција на карциномот на тестисот кај црните мажи е околу една четвртина од таа кај белите мажи, но кај мажите мегу 65 и 74 годишна возраст, инциденцијата е слична кај црнците и белците.
Главниот детектиран ризик фактор за развој на карцином на тестисот е крипторхизмот. Ризикот за канцер кај крипторхидниот тестис е проценето дека е 7 до 40 пати поголем отколку кај нормално спуштениот тестис. Молекуларниот маркер 12р изохромозом е детектиран кај многу тумори на тестисите кои имаат потекло од репродуктивните клетки.
Канцерот на тестисот обично потекнува од герминалните епителни клетки на тестисот. Бенигните и малигните тумори кои водат потекло од 5ег1оН или 1, еусН§ клетките се ретки и претставуваат 2% до 3% од туморите на тестисот. Соодветните цитолошки и хистолошки карактеристики на туморите од репродуктивните клетки овозможуваат нивна патолошка класификација која се базира на хистологијата. Многу често се открива мешавина од клеточни типови и хистолошки карактеристики, но семиномот е сепак, најчестиот хистолошки тип. Листиот семином“ се сретнува кај околу 15% до 26% од случаите. Најчесто мешавината содржи ембрионален карцином, но ретко несемином туморот може да содржи и еден туморски вид, како што е тератомот, хориокарциномот или уо1к зас туморот.
Хистологијата на туморот е во корелација со биолошкото однесување и прогнозата. На пример, ризикот од далечни метастази е највисок доколку се присутни елементи на хориокарцином, а најнизок доколку е присутен само тератом. Семиномот е многу радиосензитивен, а хориокарциномот е многу хемосензитивен. Сепак, единствената клинички значајна хистолошка дистинкција е помегу чистиот семином и сите други тумори кои обично се означени со терминот несемином тумор од репродуктивни клетки (К5ССТ). Оваа разлика е важна поради тоа што радијациската терапија може да доведе до излекување на некои стадиуми од семиномот, но истата не е ефективна кај ШССТ. Хемотерапијата е високо ефективна кај семиномот и К5ССТ.
Дури и до 90% од малигните тумори на тестисите секретираат растворливи серумски туморски маркери [3-ћСС и АРР или плацентарна алкална фосфатаза (РА1Ј3). Овие серумски туморски маркери се корисни во водењето на терапиЈата и мониторирањето на раното повторување на болеста. На пример, чистиот семином не секретира АБР и зголемувањето на АБР кај пациент за кого се мислело дека има семином значи дека се присутни несеминомските елементи. Иако само 10% од пациентите кои имаат чист семином имаат зголемено ниво на (3-ћСС, нивото на РА1.Р е зголемено кај 30% до 50% случаите со семином.
Евалуација на канцерот на тестисите:
Анамнеза
Физикален преглед,
Ултразвучен преглед на содржината на скротумите,
Консултација со уролог.
Комплетна крвна слика,
Црнодробни функциски тестови
Плацентарна алкална фосфатаза (семином), Алфа-фетопротеин (3-подединица на хуманиот хорионски гонадотропин
Лактатна дехидрогеназа
Абдоминална СТ
Радиографија и СТ на градниот кош Факултативни тестови
Магнетна резонанца на мозокот Скен на коските
Клиничка слика и евалуација
Карциномот на тестисот обично се манифестира со безболно зголемување или стврднување на едниот тестис. Некои мажи се жалат на интермитентна тежина или тапа болка во скротумот или долниот абдомен, но дури и до 10% од пациентите се жалат на акутна тестикуларна болка. Околу 10% од случаите се дијагностицираат затоа што се развиваат симптомите на метастатска болест; кашлицата, хемоптизиите, гадењето и болката во грбот поради зголемените ретроперитонеални лимфни јазли може да бидат присутни во клиничката слика. Може да се равие гинекомастија.
Физикалниот преглед на тестисите вклучува мануелна палпација со особено внимание на симетријата, конзистенцијата и чувствителноста. Нормално, тестисите имаат хомогена конзистенција, слични се во големина и не се фиксирани за скротумот. Доколку пациентот е доволно релаксиран, тестисот, епидидимисот и сперматичната врвца треба да може посебно да се идентифицираат со палпација. Трансилуминацијата може да помогне во диференцијацијата на цистичните скротумски маси (пр. цистоцели, сперматоцели, хидроцели) од солидните тумори; сепак, дури и до 20% од туморите на тестисите имаат асоцирана хидроцела.
Прегледот на пациентот во стоечка и лежечка позиција може да помогне во идентификацијата на варикоцелата. Младите мажи треба да бидат обучени за самопреглед на пенисот и тестисите поради тоа што самопрегледот и откривањето на абнормалностите може да доведат до рана дијагноза. Доколку постои какво било сомневање за присуство на солиден тумор на тестисот, индицирано е изведување на ултразвучно иследување на содржината на скротумот. Ултразвукот е сензитивен, веродостоен и специфичен тест со кој може да се лоцира и да се карактеризира содржината на скротумот и да се одреди дали палпабилната абнормалност е тестикуларна, васкуларна, епидидимиска или се наога во уаб сМегепз или сперматичната врвца.
Доколку се идентифицира тестикуларна маса треба да се одредат основните серумски туморски маркери (В-ћСС, АРР и лактатна дехидрогеназа).
Радиографијата на градниот кош и абдоминалната СТ се важни следни чекори со кои се исклучуваат пулмоналните, абдоминалните или метастазите во ретроперитонеалните лимфни јазли. Ингвиналната орхиектомија се изведува поради специфична хистолошка дијагноза.
Одредување на стадиумот и третман
Успешниот третман на пациентите со широко метастазиран канцер на тестисите претставува еден од главните напредоци на медицинската онкологија. Како и да е, третманот на мажите со канцер на тестисите бара координиран интердисциплинарен пристап за постигнување на оптимални резултати. Третманот се базира на хистологијата и стадиумот на канцерот и куративниот третман е можен дури и за пациентите со болест во напреднат стадиум.
Американскиот комитет за канцер (АЈСС) дефинира четири стадиуми на канцер на тестисите: стадиум 0,1, II и III. Во стадиум I карциномот е ограничен на тестисот; во стадиум II карциномот се раширил во регионалните лимфни јазли; и во стадиум III постои широко дисеминирана болест. Кај мажите со стадиум III на карцином на тестисот се дефинираат подгрупи со низок ризик и висок ризик. Помалку од 30% од пациентите припагаат на категоријата со висок ризик и кај овие пациенти се детектира присуство на многу зголемени серумски маркери ((3-ћСС > 10,000 ГО/Б, АРР > 1,000 Ш/тБ), огромен тумор (медијастинална или абдоминална маса > 5 до 10 ст; белодробни лезии > 3 ст или б: 10 белодробни нодули) или инволвирање на коските, мозокот или црниот дроб. Пациентите со низок ризик имаат стапка на излекување од околу 90%, а пациентите со висок ризик имаат стапка на излекување од околу 50%.
Третманот на канцерот на тестисите е високо успешен. Многу пациенти може сега да бидат излекувани со примена на комбинација од радикална орхиектомија, дисекција на ретроперитонеалните лимфни јазли, хемотерапија и ресекција на резидуалните маси. Третманот на многу случаи со канцер на тестисите започнува со поставувањето на патолошка дијагноза добиена при ингвиналната орхиектомија. Се врши ексцизија на тестисот и ингвиналната сперматична врвца. Лимфните садови од десниот тестис се дренираат во лимфните јазли поставени помегу аортата и уепа сауа, а лимфните јазли од левиот тестис се дренираат во левите парааортални јазли. Транскроталната орхиектомија или биопсијата се контраиндицирани поради тоа што лимфните садови од скротумот се дренираат во ингвиналните лимфни јазли и постои ризик за ширење на туморските клетки во ингвиналната регија при афициран скротум.
Серумските туморски маркери треба брзо да се намалат по орхиектомијата; (3-ћСС има полуживот од 24 до 36 часа, а АРР од 5 до 7 дена. Нивото на (3ћСС треба да се нормализира за една недела, а АРР 4 до 5 недели по орхиектомијата доколку карциномот е локализиран на тестисот.
Доколку иследувањето покаже дека нема друг доказ за постоење на болест, се препорачува дисекција на ретроперитонеалните лимфни јазли (КР1Ж)) за пациентите со стадиум I. Сепак, кај некои пациенти со стадиум I на болеста кои се силно мотивирани да бидат мониторирани, може да се пристапи кон нивно поблиско следење и при евентуална појава на доказ за повторување на болеста тие се третираат со хемотерапија.
Третманот на пациентите со стадиум II на болеста е поконтроверзен. Кај тие со минимално зафакање на лимфните јазли треба да се спроведе КРЦ^ТО и адјувантна хемотерапија. Пациентите со мал волумен (< 3 ст) на туморот од стадиум II треба да бидат третирани со КР1ЛМТ). Доколку јазлите се негативни, се применува опсервација со ран третман при релапс на болеста. Доколку јазлите се позитивни и целосно е извршена ресекција се применуваат два циклуси на хемотерапија и опсервација.
Пациентите со стадиум III треба да се лекуваат со хемотерапија. Хируршката интервенција е важен дел од третманот на тие кои имаат резидуална туморска маса по хемотерапијата. Доколку резидуалните маси содржат отпорен карцином или тератом и доколку биолошките маркери не се нормализирани пред хируршката интервенција, треба да се применат дополнителни циклуси на хемотерапија по операцијата. Пациентите кои имаат стадиум III на болеста се третираат иницијално со хемотерапија, па ако треба со хируршки зафат за да се ресецираат резидуалните маси. Семиномот е многу радиосензитивен тумор и најчесто.се дијагностицира како стадиум I или стадиум II на болеста. Почест е кај повозрасните мажи. МаЈжите кои имаат семиноми во стадиум I или II обично се третираат со орхиектомија и зрачење на ретроперитонеланите лимфни јазли. Мажите со погломазен стадиум П и стадиум III на болеста најчесто се третирани со хемотерапија, како тие со тестикуларни карциноми од несеминомско потекло.