Онкологија

Овариумски тумори

Овариумот е комплексен орган кој содржи епителни, стромални, репродуктивни клеточни елементи, како и елементи од половата врвца кои се аранжирани во прецизна архитектура. Овариумските тумори се класифицирани според клетките од кои потекнува-. ат и според малигниот потенцијал (пр. степен).

Овариумот е комплексен орган кој содржи епителни, стромални, репродуктивни клеточни елементи, како и елементи од половата врвца кои се аранжирани во прецизна архитектура. Овариумските тумори се класифицирани според клетките од кои потекнува-. ат и според малигниот потенцијал (пр. степен).

Неоплазмите на овариумот може да имаат потекло од кој било од клеточните елементи. Епителните клетки од површината на овариумот се извор на најголемиот број овариумски тумори и на 90% од малигните ова-
риумски канцери. Околу 10% од овариумските тумори потекнуваат од репродуктивните клетки, а половина од туморите од репродуктивните клетки се малигни. Туморите кои потекнуваат од стромата и од половата врвца се ретки, но се значајни поради тоа што нивните хормонски продукти можат да предизвикаат вирилизација или симптоми на хормонски вишок.

Диференцијалната дијагноза на некоја маса од аднексите вклучува бенигни или малигни тумори, функционални нарушувања, инфекции, инфламација и бременост. Околу 80% од туморите на аднексите се бенигни. Бенигните овариумски тумори обично се развиваат кај жените помегу 20 и 45 години, а малигните овариумски тумори се почести кај жените над 40 години со најголем број на случаи по 60 годишна возраст. Најчести бенигни овариумски тумори се аденомите, фибромите, туморите Вгеппег, текомите и зрелите тератоми (вклучително и дермоидните цисти). Најчести малигни овариумски тумори се серозните цистаденокарциноми, ендометриоидните аденокарциноми и канцерите од репродуктивните клетки.

Овариумските карциноми претставуваат четвртиот најчест малигном и петтата најчеста причина за морталитет од канцер кај жените. Инциденцијата во САД се проценува на околу 18 нови случаи секоја година на 100 000 жени. Една од 70 жени развива овариумски канцер, а 1 од 100 жени умира од болеста. Овариумскиот канцер е многу летална болест поради високата пропорција на случаи кои се дијагностицираат во напреднат стадиум и поради ограничувањата на терапијата. Ризик факторите за појава на овариумски канцер вклучуваат позитивна фамилијарна анамнеза за болеста и претходен карцином на градите. Фамилијарната анамнеза за овариумски канцер го зголемува ризикот за појава на карцином на овариумите за пет пати, до околу 5% до 7%; претходниот канцер на градите двојно го зголемува ризикот. Наследните и фамилијарните форми на овариумскиот канцер од епителот се откриваат, но се проценува дека бројат помалку од 5% од сите случаи со овариумски канцер. Кај пациентите со анамнеза за наследен овариумски канцер кај кои локацијата на туморот е специфична и кои не се асоцирани со други видови на канцер, се проценува дека имаат 80% ризик за развој на овариумски канцер, а тие со синдромот Тупсћ II (мултигенерациска фамилијарна агрегација на неполипозен канцер на колонот, ендометријален канцер, овариумски канцер и канцер на дојките) може да имаат ризик од 40%. Специфичната поврзаност со абнормалностите на хромозомот 17 се детектирани кај фамилијарниот тип кој има асоцијација со генот ВКСА1. Генот ВКСА2 кој е поврзан со хромозомот 13 исто така е откриен кај некои случаи со фамилијарен овариумски канцер.

Овариумскиот канцер од епителот може да биде пример за канцер на местото на лузна; малигните клетки се смета дека се појавуваат во текот на пролиферативното заздравување на прснатиот овариумски фоликул по овулацијата. Ризикот за развој на овариумски канцер е помал кај жените кои имале помалку овулаторни циклуси поради повекекратна бременост, лактација, како и употреба на орални контрацептиви.

Клиничка слика

Жените кои имаат симптоми на овариумски тумор обично имаат карлични или абдоминални тегоби. Кај жените кои одат на редовен гинеколошки преглед (вклучително и Пап размаска и преглед на карлицата), зголемувањето на овариумот може да се напипа од страна на добро обучен доктор и пред да се развијат симптомите. Секое зголемување на овариумот поголемо од 8 сш треба соодветно да се евалуира со ултразвук. Овариумските маси кои се помали од 8 ст кај жените пред менопауза се обично функционални овариумски цисти кај кои може да настане регресија по неколку менструални циклуси. Сепак, појавата на палпабилна маса на аднексите од која било големина кај жените по менопауза е абнормална појава и мора да биде евалуирана со помош на ултрасонографија.

Ултразвукот на карлицата е прецизен тест кој може да помогне во карактеризацијата на овариумската маса особено во одредувањето дали таа е цистична, солидна или комплексна и може да даде прецизна процена на големината. Трансвагиналниот ултразвук е попрецизен од трансабдоминалниот, а Борр1ег иследувањето на венскиот проток ја зголемува специфичноста на тестот. За несрека, овариумската маса може да достигне многу големи димензии пред да се развијат симптомите и затоа е важно кај жените да се изведува редовно иследување на карлицата, вклучително и ректовагинален преглед како дел од рутинската медицинска контрола кај жените од секоја возраст. Неспецифичните симптоми, како што се абдоминалниот или карличниот дискомфорт, менструалните промени и симптомите од страна на мочниот меур или цревата треба да побудат сомневање за овариумски канцер и треба да се спроведе комплетен преглед на карлицата.
Овариумскиот канцер се шири со локална инвазија кон околните структури, со површинско имплантирање на туморските клетки врз перитонеумот и преку лимфните патишта до регионалните лимфни јазли. Раното ширење на малигните клетки во перитонеалната празнина е често и објаснува зошто 75% од овариумските канцери од епително потекло се дијагностицираат по нивната регионална дисеминација. Перзистентната диспепсија, гадењето, констипацијата, абдоминалната болка и надуеноста од асцитесот се клиничките знаци и симптоми на регионалната дисеминација кои често водат до точната дијагноза.

Скринингот за овариумскиот канцер не се препорачува рутински поради тоа што никоја комбинација на иследувања или тестови не е доволно сензитивна или специфична. Ниту едно скрининг истражување за канцерот на овариумите не доведе до детекција на доволно голема пропорција на случаи со овариумски канцер мегу индивидуите кои биле подложени на скрининг. Во овие истражувања не е прикажано унапредување на морбидитетот или морталитетот. Сепак, жените кои имаат позитивна фамилијарна анамнеза за овариумски канцер треба да бидат подложени на евалуација за веројатноста за развој на синдромот на фамилијарен канцер и жените со умерен и висок ризик треба да бидат охрабрени за изведување на соодветниот скрининг.

Евалуација и одредување на стадиумот

Евалуацијата на жените со тумор на овариумите започнува со физикален преглед и документирање на специфичните наоди при иследувањето на карлицата. Присуството на некоја аднексална маса и нејзината приближна големина, локација и карактер (пр. мека, тврда, мазна) треба да се забележи. Исто така треба да се одреди нејзината мобилност или фиксацијата за утерусот, мочниот меур, ректумот или карлицата. Присуството на асцит, плеврална ефузија, едем или лимфаденопатија сугерираат напреднат стадиум на болеста. Треба внимателно да се евалуира појавата на асоцираните симптоми или знаци на хормонски вишок.

Трансвагиналното или карлично ултразвучно иследување може да ја детерминира големината и структурата на масата и може да помогне во предоперативното одредување на екстензивноста на болеста. Нивоата на серумскиот хуман хорионски гонадотропин (В-ћСС) и алфа-фетопротеинот (АРР) обично се зголемени кај туморите од репродуктивните клетки. Туморскиот антиген СА 125 е зголемен кај околу 80% од овариумските епителни канцери, а другите туморски маркери, како што е СА 19, може исто така да бидат зголемени. Табела 50-2 дава приказ на основните елементи од целосната евалуација.

Доколку наодите од физикалниот преглед, ултразвучното иследување или серумските туморски маркери сутерираат веројатност за присуство на овариумски канцер, индицирана е лапаротомија. Абдоминалната компјутерска томографија (СТ) овозможува прецизна евалуација на ретроперитонеалните лимфни јазли и црниот дроб и може да ги надополни наодите од ултразвукот на карлицата. Радиографијата или СТ на градниот кош за детекција на плеврални ефузии или белодробни метастази е индицирана доколку постои сомневање дека овариумската маса е малигна. Иако конзервативната хируршка интервенција е прифатлива за младите жени кои имаат тумор од репродуктивни клетки, кај жените кај кои е откриен канцер од епително потекло треба да се изведе тотална хистеректомија и билатерална салпинго-оофоректомија и оментектомија. Секоја перитонеална течност треба да се испрати на цитолошко иследување, а доколку не е присутна перитонелана течност, треба да се изведе промивање на перитонеалните површини со стерилен физиолошки раствор и течноста да се испрати на цитолошка анализа за евентуално ширење на туморот. Целта на хируршката интервенција е целосна ресекција на главниот тумор доколку е тоа можно; исходот се подобрува кога остатокот од туморот е помал од 1 ст по операцијата.

Евадуација на овариумскиот канцер

Целосна анамнеза и физикален преглед
Карлична и ректовагинална егзаминација Пап размаска
Абдоминално ултразвучно иследување, трансвагинално ултразвучно иследување, коло
Борркг за процена на протокот на крвта СА125
Гинеколошко онколошка консултациј а,
Комплетна крвна слика,
Црнодробни функциски тестови,
Лапаротомија за стадиумот,
Радиографија на граден кош,
Абдоминална компјутерска томографија

Третман

Овариумски канцер со потекло од епителот

Стадиумот на овариумскиот канцер од епителот се базира на клиничката евалуација и патолошките наоди при операцијата. Третманот на овариумскиот канцер од епителот започнува со иницијална хируршка интервенција. По операцијата, дополнителниот третман зависи од стадиумот на болеста и степенот на туморот. Жените со стадиум I и II на болеста имаат одлична прогноза само со изведена хируршка интервенција. Полошата прогноза е асоцирана со туморите од степен 3 и јасна клеточна хистологија. Жените со тумор од степен 3 (дури и во стадиум I), како и тие со стадиум II на болеста може да имаат бенефит од хемотерапијата или радијационата терапија. Жените со стадиум III на овариумскиот канцер треба да се третираат со адјувантна хемотерапија за оптимално долготрајно преживување. Цисплатинот или комбинираната терапија со карбоплатин и паклитаксел во тек на шест циклуси претставуваат актуелен стандард. Лапаротомија по иницијалната хемотерапија обично се изведува кај жените со канцер од III стадиум кај кои што иницијално не е изведено хируршко намалување на туморот до нодули помали од 1 ст. При таквата процедура може да се изведе намалување на туморот со дополнителна апликација на хемотерапија, интраперитонеално или интравенски. Кај жените со IV стадиум на овариумски канцер успешно се применува палијативна хемотерапија и хормонска терапија кои можат да доведат до парцијална ремисија. Во денешно време се употребуваат многу хемотераписки и некои хормонски агенси.

Овариумски тумори од репродуктивни клетки

Овариумските тумори од репродуктивни клетки обично се појавуваат кај девојчињата во адолесценција и кај младите жени. Симптомите на абдоминална или карлична болка се честа појава. Зрелите тератоми претставуваат 90% од нив. Овие тумори се нарекуваат дермоидни цисти и се формираат од плурипотентните репродуктивни клетки. Малигните овариумски тумори од репродуктивни клетки ги вклучуваат незрелите тератоми, дисгерминоми, тумори на ендодермалниот синус, хориокарциноми, ембрионални карциноми, полиембриоми и мешавини на спомнатите видови. Најмалигните тумори од репродуктивните клетки се агресивни и често далеку метастазираат. Нивоата на В-ћСС и АРР се често зголемени.

Влијанието на третманот врз фертилноста на жената со малиген тумор од репродуктивни клетки е важно поради тоа што многу помлади жени може успешно да бидат третирани без да се предизвика стерилитет. Индицирана е лапаротомија за утврдување на стадиумот и адекватна опција е унилатералната оофоректомија доколку не постои големо ширење кон утерусот или контралатералниот овариум. Третманот со комбинирана хемотерапија базирана на цисплатин овозможува стапка на долготрајно преживување од 70% за жените кои имаат стадиум IV на болеста. Адјувантната хемотерапија сега рутински се применува поради тоа што постои стапка на рекуренција од 75% кај жените со иницијално локализирана болест кои не примале адјувантна терапија. Сепак, адјувантната терапија не е потребна за жените кои имаат степен 1 на зрел тератом.

Дисгерминомот има посебно биолошко однесување. Хируршката интервенција обично е куративна за стадиумот II, а туморот е екстремно сензитивен на радиотерапија и хемотерапија.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button