Невроендокрини тумори
Невроендокрините С1 карциноми се специфичен проблем во медицинската онкологија. Најголемиот број на овие тумори се бавно растечки и имаат индолентен клинички тек. Како и да е, бидејки можат да продуцираат различни хормони, пациентите можат да имаат сериозни симптоми.
Невроендокрините С1 карциноми се специфичен проблем во медицинската онкологија. Најголемиот број на овие тумори се бавно растечки и имаат индолентен клинички тек. Како и да е, бидејки можат да продуцираат различни хормони, пациентите можат да имаат сериозни симптоми. Карциномите на панкреасните островски клетки можат да продуцираат инсулин, глукагон или вазоактивни интестинални полипептиди и можат да водат до симптоматска хипогликемија, хипергликемија, пептички улкус и дијареја. С1 карциноидите често продуцираат сериозни симптоми на црвенило кои можат да бидат онеспособувачки.
Кај некои пациенти се откриени мултипни ендокрини неоплазми од тип I (МЕИ I), кои се состојат од питуитарен аденом, паратироиден аденом и панкреасни ендокрини тумори. Кај синдромот на МЕМ I е пронајден генетски дефект кој е мапиран на хромозомот 1Ц.
Хируршкиот третман е третман на избор за С1 невроендокрините тумори, но многу карциноидни тумори продуцираат симптоми и се откриени само по раширените метастази. Хируршкиот третман се уште е корисен модалитет, но ако тоа е непрактично или невозможно, цитотоксичната хемотерапија со стрептозоцин, доксорубицин, флуороурацил и интерферон како единечни агенси или во комбинација, прави ослободување од симптомите и долготраен одговор. Анализите на соматостатинот (пр., октреотид) ја инхибираат хормонската секреција од невроендокрините тумори и можат да обезбедат корисен третман за паранеопластичната ендокринопатија.