ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Леукемија

ЛекарИнфо редакција22 април 2026
Микроскопски приказ на крвен размаз со зголемен број на леукемични бели крвни клетки (обоени во темно виолетово), поделен на две страни за споредба на две различни форми на леукемија.
Извор на сликата: Makysm · CC0

Иако комплексните и брзо променливи дијагностички критериуми и режими на лекови за леукемијата припагаат во доменот на специјализираниот хематолог-онколог, општиот лекар сеуште носи голем дел од одговорноста за многу аспекти на потпорната нега и според тоа мора да биде запознаен со најновите клинички карактеристики, евалуацијата, третманот и менаџментот, како и компликациите на леукемијата.

 

Леукемијата може да се подели во акутна и хронична форма. Акутната леукемија е фулминантна болест и ако не се лекува обично е фатална за неколку недели или месеци. Незрелите леукоцити (бласти) пролиферираат и се акумулираат во огромен број во коскената срж, циркулацијата и на друти места. Клиничките манифестации се предизвикани со загубата на нормалните елементи на сржта и со инфилтрација на ткивата во организмот од страна на малигните клетки. Хроничната леукемија е пролиферативна болест на релативно зрелите леукоцити, кои се акумулираат побавно. Дури и кога не е третирана, хроничната леукемија често останува стабилна и асимптоматска во тек на повеке години, но можно е да се појават симптоми и да се развие поагресивна форма на болеста.

Познато е дека леукемијата е предизвикана со абнормалности во геномот на клонот на хематопоетските прогениторски клетки. Идентификувани се многубројни аномалии, а неколку специфични дефекти се во корелација со специфичните типови на леукемија. Во секој случај, постои голема хетерогеност поради случајните и неслучајните мутации, како и комплексноста на хематопоетскиот развоен процес. Откритијата во цитогенетиката, како и детекцијата на кластерите на диференцијација (СБ) на антигените на површината на клетките помогнаа на многу групи на пациенти чии заболувања имаат слични фенотипи или генетски дефекти, за да се развие подобар третман и да се подобри разбирањето на процесот на болеста и нејзиното влијание.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Онкологија