Криоглобулинемија
Криоглобулините се антитела или комплекси на антитела и антиген кои преципитираат на ладно. За да се детектираат криоглобулините мора да се извади крв со топол шприц и да се остави серумот да инкубира на температури блиску до мрзнење.
Криоглобулините се антитела или комплекси на антитела и антиген кои преципитираат на ладно. За да се детектираат криоглобулините мора да се извади крв со топол шприц и да се остави серумот да инкубира на температури блиску до мрзнење. Количината на протеини кои преципитираат може да биде квантифицирана како криоцит. Опишани се два типа на криоглобулини: моноклонални имуноглобулини и антиген-антитело комплекси.
Присуството на ладно-преципитирачки моноклонални имуноглобулини се гледа најчесто кај мултипниот миелом, ^УаМепбГгот-овата макроглобулинемија, како и различни лимфопролиферативни болести. Типичните симптоми вклучуваат Каупаис1-ов феномен, кожни улцерации и уртикарија индуцирана од ладно.
Мешаните криоглобулини се состојат од антиген-антитело комплекси. Антителата може да бидат моноклонални или поликлонални. Клиничките манифестации се тие на болеста на имуните комплекси и може да вклучат артралгии, палпабилна пурпура и гломерулонефритис. Исто така може да бидат присутни карактеристики на моноклонална криоглобулинемија. Причините вклучуваат многу инфекции инфламаторни болести и малигни нарушувања. Идиопатската форма на мешана криоглобулинемија асоцирана со васкулитис на малите крвни садови и зглобовите, бубрежно и црнодробно зафакање е наречена мешана есенцијална криоглобулинемија. Терапијата има за цел третман на основната болест, но плазмаферезата може да биде клинички ефикасна во намалувањето на симптомите.