Хепатоцелуларeн карцином
Хепатоцелуларниот карцином е водечка причина од смрт поради карцином во многу делови на светот, но е редок во Северна Америка. Годишно во САД се регистрираат околу 5000 нови случаи, а стапките на инциденција и морталитет не се значајно променети.
Хепатоцелуларниот карцином е водечка причина од смрт поради карцином во многу делови на светот, но е редок во Северна Америка. Годишно во САД се регистрираат околу 5000 нови случаи, а стапките на инциденција и морталитет не се значајно променети. Развојот на хепатоцелуларниот карцином е поврзан со повреда на црниот дроб и цироза од повеке причини. Високиот ризик за хепатоцелуларен карцином е асоциран со претходни инфекции со хепатитис Б вирус, хепатитис Ц вирус, алкохолна цироза, хемохроматоза и хередитарна тирозинемија. Другите фактори на ризик вклучуваат различни метаболни или автоимуни болести кои предизвикуваат оштетување на црниот дроб. Хепатоцелуларниот карцином се јавува приближно четири пати почесто кај мажите отколку кај жените, а употребата на егзогените андрогени стероиди за козметички или атлетски цели може да доведе до зголемен ризик за црнодробен карцином. Ингестијата на афлатоксин В1 од зрната или кикиритките со мувла може да биде потенцијална причина за хепатоцелуларен карцином во помалку развиените земји.
Хепатоцелуларните карциноми обично се манифестираат со зголемување на масата на горниот хепатален квадрант и со доказ за хепатална компресија, како што се жолтица, асцит, едем, коагулопатија и замор. Евалуацијата треба да вклучи крвни тестови за вирусен хепатит, црнодробни функционални тестови и абдоминален КТ скен. Потребна е биопсија на хепаталната маса за дијагноза. Алфа-фетопротеинот е клеточен и серумски туморски маркер за хепатоцелуларниот карцином и може да помогне во диференцирањето на примарниот хепатоцелуларен карцином од метастатскиот карцином. Ако се планира хируршки зафат, хепаталната КТ портографија и хепаталната ангиографија се специјализирани тестови кои помагаат за документирање на раширеноста на болеста во црниот дроб и прецизна васкуларна анатомија. Белите дробови и коските се чести локации на метастази од хепатоцелуларните карциноми и треба да бидат евалуирани со рендгенграфии на градниот кош, а доколку е зголемено нивото на алкалната фосфатаза или е присутна болка во коските, потребно е да се направи скен на коските пред хируршки зафат на црниот дроб.
Во најголемиот број на случаи, хепатоцелуларниот карцином е за кратко време фатален по дијагнозата, бидејки таа обично не се поставува пред да напредне хепаталната инсуфициенција. Средното преживување за сите пациенти е 2 до 4 месеци, но хепаталната ресекција дава надеж за излекување кај пациентите со локализирана болест. Помегу 10% и 30% од пациентите со операбилни тумори преживуваат 5 години.