Езофагеален карцином
Карциномот на езофагусот не е чест малигнитет во САД; околу 11 000 нови случаи се очекуваат секоја
година. Езофагеалниот карцином е два до три пати почест кај мажите отколку кај жените, а стапката на морталитет е паралелна на стапката на инциденција поради тоа што најголем број од случаите се дијагностицираат во напреднат стадиум.
Карциномот на езофагусот не е чест малигнитет во САД; околу 11 000 нови случаи се очекуваат секоја
година. Езофагеалниот карцином е два до три пати почест кај мажите отколку кај жените, а стапката на морталитет е паралелна на стапката на инциденција поради тоа што најголем број од случаите се дијагностицираат во напреднат стадиум. Во САД има забележлив напредок во дијагнозата на аденокарциноми на гастроезофагеалниот спој.
Двата најчести хисолошки типа на карцином на хранопроводот се сквамозниот карцином (епидермоид) и аденокарциномот. Концептуално, болеста е поделена во три региони: цервикален, торакален и гастроезофагеален спој. Карциномите во цервикалниот регион на езофагусот се јавуваат на растојание помало од 25 ст од секачите; во торакалниот регион се протегаат од 25 ст (т.е., торакалниот влез) дистално до 15 ст; а во регионот на гастроезофагеалниот спој го зафакаат дисталниот дел од езофагусот во должина 3 до 5 ст и често ја зафакаат кардијата или желудникот. Сквамозните хистолошки типови се почести кај цервикалниот и торакалниот езофагеален карцином, а аденокарциномите предоминираат кај карциномите на дисталниот езофагус.
Епидемиологија и ризик фактори
Пушењето на цигари и консумацијата на алкохол се најчестите ризик фактрои за развој на езофагеален карцином. ВаггеИ-овиот езофагус, ахалазијата и каустичните повреди на хранопроводот се исто така сигнификантни фактори на ризик. Тилозата е автозомно доминантна состојба која ги предиспонира зафатените лица на езофагеален карцином. Езофагеалниот карцином има највисока инциденција во Кина, но се јавуваат битни регионални варијации, па високи стапки на инциденција, исто така се регистрирани во Јужна Африка, Франција и Иран. Во САД, мажите афро-американци имаат најголема инциденција и стапка на морталитет.
Клинички карактеристики
Езофагеалниот карцином често е презентиран со дисфагија, одинофагија, диспепсија и губење на тежина. Честа е анамнезата за потешкотии во голтањето на цврста или недоволно џвакана храна, следена со потешкотии со голтање на течности или нагла опструкција во голтањето. Некои пациенти исто така опишуваат регургитација на несварената храна, постојано печење, или чувство дека храната привремено „се заглавила“ и покажуваат на специфични локации на градниот кош. Не е вообичаено за пациентите да се жалат на хематемеза; крвавењето почесто се јавува кај тумори на гастроезофагеалниот спој и кај понапреднати лезии. Губењето на тежината е истакната карактеристика на клиничката презентација, бидејки парцијалната или комплетната езофагеална опструкција го ограничува внесот на калории.
Локално агресивен, езофагеалниот карцином се шири со директна инвазија и преку лимфните и хематогените патишта. Прогресивната инвазија преку мускулните слоеви на езофагусот е следена со инвазија и на соседните структури. Можат да бидат зафатени трахеата, медијастинумот, соседниот бел дроб и големите садови во случаите со напреднат стадиум. Лимфатичното ширење со зафакање на трахеоезофагеалните, медијастиналните, субкариналните и целијакалните лимфни јазли е типично. Раширените хематогени метастази се сретнуваат дури кај 70% од случаите; црниот дроб, белите дробови и плеврата се најчести локации, но често се зафатени и мозокот, коските и перитонеумот.
Езофагеалниот канцер се дијагностицира со фибероптичка ендоскопија (т.е., езофагогастродуоденоскопија [ЕСБ]) и биопсија. Директната визуелизација на лезијата со ендоскопија и ткивен примерок за микроскопска анализа се метод на избор. Некои лезии не можат да бидат адекватно евалуирани со ендоскопија бидејки таа не може да помине преку лезијата. Кај овие пациенти, Ртг снимките на езофагусот за време на голтањето на оралните контрасти обезбедува точна проценка на луминалниот карактер и должината на туморот. Студиите за проценка на големината на туморот и директното инволвирање на соседните структури или регионалните лимфни јазли рутински вклучуваат торакални и абдоминални КТ скенови зсапз. Интралуминалниот ултразвук обезбедува поточна проценка на транслуминалното зафакање на туморот и е дел од специјализираната евалуација на езофагеалниот карцином во многу центри. Иницијалната состојба на пациентот за општа благосостојба и извршување на секојдневните активности, квантифицирани на Кагпо&ку скалата од скалата за статусот на остварување на 2иђгос1 (види Поглавје 44), нутриционалниот статус , и иницијалната хемоглобинска концентрација се исто така значајни за планирање на терапијата.
Степенување
Степенувањето на езофагеалниот карцином го следи системот за степенување тумор-јазол-метастаза (Т№М) прифатени од страна на Американскиот Заеднички Комитет за Рак (АЈСС). Анатомската длабочина на инвазијата, големината на регионалното ширење, како и локацијата на далечните метастази на лимфните јазли се важни детерминанти за преживувањето и се основа за степенување. Препораките за иницијалниот третман се базирани на проценките за големината на болеста пред хируршкиот зафат (т.е., клиничко степенување); како и да е исходот се предвидува според хируршкиот наод (т.е., патолошко степенување). Транслуминалниот ултразвук бара да го покрие јазот помегу клиничкото и патолошкото степенување со обезбедување на поточни информации за анатомската длабочина на инвазијата пред третманот.
Третман
Хируршкиот е најетаблиран куративен третман за езофагеалниот карцином, но морбидитетот е висок. Комплетно ресецираниот во стадиум I езофагеален карцином има стапка на излекување од 70%, но само 20% од пациентите имаат стадиум I на болеста предоперативно, а најголемиот број на пациенти имаат поекстанзивна болест интраоперативно. Стапката на излекување е многу пониска за пациентите кои се во II или III стадиум на болеста или оние кои се уште имаат големи или микроскопски резидуи на болеста по операцијата.
Адјувантната радиотерапија изолирано или радиотерапијата комбинирана со хемотерапија може да ја намали локалната стапка на рекуренција кај хируршки третираните пациенти, но не е докажано дека се подобрува стапката на излекување по операцијата.
Многу пациенти со локализиран езофагеален карцином имаат медицински проблеми кои ја прават операцијата многу ризична или имаат толку напредната болест така што иницијалниот хируршки третман не се препорачува. Тестирани се два пристапи кај овие пациенти. Предоперативна ирадијација или хемотерапија комбинирана со зрачна терапија се обидува да го намали или ерадицира туморот, за потоа да се направи комплетна хируршка ресекција. Целите се да се зголеми пропорцијата на пациенти кои се кандидати за хируршки третман и да се зголеми пропорцијата на успешен зафат. Третманот без хирургија има за своја цел ерадикација на туморот со користење на изолирана ирадијација или хемотерапија и зрачна терапија во комбинација. Оваа стратегија е толку успешна што најголемиот број на пациенти со езофагеален карцином сега се третира иницијално со комбинација на хемотерапија и ирадијација. Пациентите кои се операбилни обично се третираат со пониски тотални дози на радијација пред хируршкиот зафат, а оние кои имаат иноперабилна болест се обично третирани со повисоки дози.
Пациентите кои не се кандидати за операција, хемотерапија или зрачење, може да имаат корист од локални третмани како што се ласерска аблација или фотодинамска терапија (РБТ). Само-експандирачките метални стентови можат да помогнат во олеснувањето на дисфагијата и одржувањето на нутрицијата кај многу пациенти. Главните несакани ефекти на третманот се езофагитис, замор и миелосупресија. Езофагеалните стриктури и нутрицијата можат да бидат долгорочни проблеми дури и кај тие што имале успешен третман.
Пациентите со далечни метастази обично не се кандидати за хируршки третман, а целта на терапијата треба да биде палијативна. Ако статусот на остварување е добар, хемотерапијата со цисплатин и флуороурацил, или митомицин и флуороурацил, или карбоплатин и паклитаксел може да биде корисна. Зрачната терапија за контрола на болката или крвавењето треба да се земе предвид ако нема одговор на хемотерапијата.
Нутритивната поддршка е важен дел од супортивната нега на пациентите со езофагеален карцином. Процедурите како што се езофагеална дилатација, вракање во првобитната состојба со помош на само-експандирачки стент, гастростомија/јејуностомија за исхрана преку сонда или тотална парентерална исхрана може да имаат улога во третманот на пациентот.