Бенигни тумори на дојката
Човечката млечна жлезда е специјализиран орган составен од жлездест епител во паренхимот, поддржан со фибромасна строма. Млекото и останатите секрети се продуцираат во терминалните лобуларни алвеоларни единици и се излачува во прогресивно поголемите канали додека не стигне до брадавицата.
Човечката млечна жлезда е специјализиран орган составен од жлездест епител во паренхимот, поддржан со фибромасна строма. Млекото и останатите секрети се продуцираат во терминалните лобуларни алвеоларни единици и се излачува во прогресивно поголемите канали додека не стигне до брадавицата. Паренхимот на дојката е организиран во 15 до 20 канални сегменти кои излачуваат во синусоидалниот комплекс на брадавицата. За време на пубертетот, естрогенот, прогестеронот и другите хормони предизвикуваат развој на секреторниот и каналниот епител. Кај возрасните, цикличните промени на половите стероидни хормони прават пролиферација и регресија на епителот на дојката, како и развој на нови мамарни алвеоли. За време на бременоста, епителот екстензивно пролиферира, а по породувањето пролактинот стимулира продукција на млеко.
Бенигните тумори на дојката најчесто се јавуваат кај жените кои се во менструална возраст. Ризик факторите за бенигните болести вклучуваат нерегуларни менструации, мали гради, фамилијарна анамнеза за бенигна или малигна болест на дојката, спонтан абортус и доцна менопауза. Фиброаденомите се најчести бенигни тумори и често се јавуваат кај жените од 20 до 30 годишна возраст. Тие се солидни и безболни, но обично варираат во големината согласно хормонските промени асоцирани со менструацијата. Терминот фиброцистична болест се користи за да се опишат неколку бенигни хистолошки наоди, вклучувајки цисти, апокрина метаплазија, хиперплазии и епителни калцификации.
Апсцесите на дојката се предизвикани од бактериска инфекција и обично се асоцирани со лактацијата, но можат да се јават и спорадично во субареоларната регија. Апсцесите асоцирани со лактацијата можат да се третираат со истиснување на млекото од опструираните канали со помош на топли компреси или лед, заедно со антибиотик како што е пеницилиназа-резистентен пеницилин или цефалоспорин. Хроничните субареоларни апсцеси на дојката можат да бараат ексцизија на опструираниот канал за дефинитивен третман.
Цистите на дојката може да потекнуваат од интрамамарен опструиран канал или може да претставуваат лобус од дојката кој не се повлекол со намалување на нивото на половите хормони. Цистите на дојките се различни помегу жените во нивните 20-ти и 30-ти, а цистите на дојките се јавуваат често кај жените кои имаат нерегуларни циклуси во текот на менопаузата.
Проширувањето на каналите е воспалителна состојба на мамарниот канал која предизвикува фиброза на каналот. Фиброзираниот сегмент на каналот може да се палпира како задебелување или маса. Проширувањето на каналот понекогаш е причина за инверзија на брадавицата, бидејки скратувањето на каналот може да ја повлече брадавицата навнатре.
Масната некроза може да биде предизвикана од траума на дојката или може да се јави по хируршка или зрачна терапија. Најчесто се јавува кај жените со спуштени гради и често предизвикува промени во изгледот на кожата или контурите на дојката.
Пролиферативните нарушувања на дојката можат да се јават како фокална маса во дојката или мамографски абнормалности. Пролиферативните лезии најчесто покажуваат хиперплазија на нормалните епителни клетки. Клеточната атипија е асоцирана со последователен т зћи и инвазивен карцином.
Фиброаденомите се составени од мешавина на епителни клетки и фиброзна строма; простите аденоми имаат недостаток од компоненти на стромата. Интрадукталните папиломи се мали папиларни израстоци на каналниот епител кои можат да го опструираат каналот и често предизвикуваат празнење на брадавицата.
Бенигните маси на дојката иницијално се евалуираат на истиот начин како и карциномот на дојката.
Бенигни болести и бенигни тумори на дојката:
Непролиферативни болести на дојката
Апсцеси на дојката Цксти на дојката Ектазија на каналот Масна некроза Саркоидоза
Пролиферативни болести на дојката
Склерозирачка аденоза,
Атипична хиперплазија,
Бенигни тумори,
Фиброаденоми аденоми
Интрадуктални папиломи
Микрогландуларна аденоза
Липоми
Хемангиоми
Леиомиоми
Неврофиброми