ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Амилоидоза

ЛекарИнфо редакција18 јули 2025

Амилоидот е еозинофилен, протеински материјал кој се бои со Конго црвено, давајки карактеристичен зеленкаст сјај под поларизирана светлина. Иако порано се сметало дека е единечна болест, амилоидозата опфака неколку различни нарушувања. Различни протеини се способни за претпоставување на типичната Б-плиширана конфигурациска листа од амилоидни депозити. Дијагнозата на амилоидозата бара демонстрација на класичното боење на зафатените ткива со Конго црвено. Ако не може да се обезбеди таков материја, биопсиите на гингивите и ректумот се позитивни кај околу 90% од пациентите.

Кај примарната амилоидоза и кај амилоидозата асоцирана со мултипен миелом и ‘УУаМешђгот-ова макроглобулинемија, одговорни протеини се имуноглобулинските лесни ланци, наречени АЛ. Паренхимските депозити на овие протеини може да ги зафатат бубрезите, срцето, гастроинтестиналниот тракт, зглобовите, нервите, црниот дроб, слезината, кожата и мускулите. Бубрежните депозити можат да предизвикаат нефротски синдром. Зафакањето на срцето може да има две форми: спроводни дефекти или рестриктивна кардиомиопатија. Гастроинтестиналното зафакање може да ја зголеми малапсорпцијата. Зглобните манифестации можат да наликуваат на ревматоиден артрит освен за класичниот знак рамо-перница, кој е резултат на голема акумулација на амилоид во гленохумералните зглобови. Може да се појави и ортостатска хипотензија.

Кај секундарната амилоидоза за одговорни протеини се сметаат дека се нормалните компоненти на серумот, наречени серумски амилоид А (5АА). 5АА е протеин на акутната фаза, а неговото ниво може да порасне драматично со генерализирана инфламација. Хроничната инфламација и инфективните болести, како што се остеомиелитот и ревматоидниот артрит, често ги погодуваат овие пациенти. Образецот на депозиција е различен од примарната амилоидоза. Најчестите места на зафакање се црниот дроб, слезината, бубрезите и надбубрегот.

Локалните депозити на амилоид можат да се најдат во многу органи на телото без доказ за пошироко зафакање. Одредени хормони, како што е калцитонинот кај пациентите со медуларен карцином на тироидеата, можат да дадат зголемување на локализираните амилоидни депозити во рамките на таа жлезда.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Онкологија