Kлиничка слика
Неоплазмите на хипофизата, вообичаено, се бенигни аденоми кои бавно растат. Најголемиот број од овие тумори се резултат на моноклоналната експанзија на една единствена клетка од предната хипофиза, а поретко се резултат на прекумерната хипоталамусна стимулација на хипофизата. Поради нивната индолентна природа тие, типично, остануваат клинички мирни со години. Знаците и симптомите се групирани во три категории: ефекти од масата на туморот при неговиот раст, хиперсекреција на хормоните и хормонска инсуфициенција (хипопитуитаризам). Микроаденомите (< 1 ст дијаметар) создаваат симптоми поради хиперсекрецијата на хормоните, додека макроаденомите (> 1 ст) може да се манифестираат со знаците и симптомите од сите три категории. Иако знаците на нарушената хормонска секреција се очигледни (на пр. кушингоиден или акромегаличен пациент), сепак клиничката манифестација на болеста на хипофизата може да биде суптилна. На пример, хроничната главоболка, менструалните абнормалности, намаленото либидо или импотенцијата може да биде единствениот манифестен симптом.
Малите, хормонски мирни тумори на хипофизата, може да бидат случајно откриени при радиолошки иследувања изведени поради други причини. Овие „инциденталоми” се откриваат кај 10% од магнетните резонанци на мозокот и дури кај 25% од аутопсиите.
Поради тоа што тие ретко растат до големина на макроаденом, во отсуство на сомнеж за хипофизна хиперсекреција, хормонската евалуација главно не е индицирана. Повторено снимање се препорачува по шест до 12 месеци за да се исклучи раст на туморот.
Ефекти од масата на туморите на хипофизата
Главоболките се чест симптом кај пациентите со тумор на хипофизата. Бидејки хипофизата е ограничена од напред, назад и од долу со коска, туморите на хипофизата често се шират кон горе и ја зафакаат оптичката хијазма, предизвикувајки дефицити на видното поле, а особено горни темпорални дефицити и битемпорална хемианопсија. Кавернозните синуси ги содржат каротидните артерии, третиот, четвртиот и шестиот кранијален нерв и офталмичката и максиларната гранка на петтиот кранијален нерв. Дисфункцијата на овие структури, предизвикана од растот на туморот на хипофизата, е многу поретка од компресијата на хијазмата.
Исклучок претставува апоплексијата на хипофизата, ненадеен хеморагичен инфаркт на хипофизата којшто обично се случува при тумор на хипофизата којшто претходно не бил дијагностициран. Клиничката слика е драматична со појава на ненадејна и тешка главоболка, гадење, повракање, менингизам, офталмоплегија, губиток на видот, хипотензија и нарушен сензориум. Третманот на оваа потенцијално фатална состојба се состои од итна апликација на глукокортикоиди во високи дози, кардиоваскуларна поддршка и вообичаено итна неврохируршка декомпресија. Пациентите кои што ке го преживеат акутниот настан може подоцна да развијат хипопитуитаризам и/или хипоталамусна дисфункција.
Туморите на хипофизата може исто така да ги еродираат бидовите на турското седло и радиолошките студии може да дадат приказ на деструкција на турското седло или негов зголемен волумен. Магнетната резонанца (МК1) со или без контраст (гадолиниум) е методата која се препорачува кај болестите на хипофизата поради малата големина на лезиите на хипофизата и потребата прецизно да се дефинираат границите на туморот при предоперативното планирање и прогноза.
