Палпабилните тироидни нодули се детектираат кај околу 5% од општата популација. Овие нодули можат да бидат цисти исполнети со течност, бенигни целуларни или колоидни аденоми, фоликуларни аденоми со автономна функција, или примарни тироидни карциноми.
Солитарни тироидни нодули
Палпабилните тироидни нодули се детектираат кај околу 5% од општата популација. Овие нодули можат да бидат цисти исполнети со течност, бенигни целуларни или колоидни аденоми, фоликуларни аденоми со автономна функција, или примарни тироидни карциноми. Тироидитот Хашимото или болеста Сгауеб може да се манифестираат со тироиден нодул. Поретко, лимфомите или метастазите од нетироидни малигноми може да ја зафатат тироидеата. Нодулите може да растат и да продуцираат симптоми предизвикани од локалната маса на туморот (пр. диспнеа, дисфагија, засипнатост), додека некои спонтано се повлекуваат.
Пациентите со позитивна анамнеза за експозиција на зрачење (пр. надворешно зрачење за тонзилит, егзем, акни или зголемен тимус; експозиција во животната средина по нуклеарни несреки како таа од Чернобил) имаат зголемен ризик за развој на тироидна неоплазија. Оваа зголемена чувствителност за бенигни и малигни тумори постои најмалку 20 до 29 години по експозицијата на зрачењето. Ризикот за развој на карцином не е зголемен кај пациентите кои примиле терапија со Ш1 за болеста Сгауеб. Нодулите кои скоро покажале зголемување на димензиите или оние кои се асоцирани со цервикална лимфаденопатија се исто така суспектни за малигнитет.
Најголемиот дел од тироидните нодули се бенигни и немаат потреба од терапија. Околу 5-10% од нодулите кои се малигни, се индолентни и имаат минимално влијание на квалитетот на животот на пациентот или очекуваното траење на животот при соодветна дијагностика и третман. Други 5% од тироидните нодули функционираат автономно и може да предизвикаат манифестен хипертироидизам. Овие „топли” нодули практично никогаш не се малигни. Предизвикот на дијагностиката е да се разликуваат ретките малигноми од големиот број на бенигни нодули кои се сретнуваат во пракса.
Најпрецизниот тест за диференцијација на бенигните од малигните тироидни нодули е перкутаната тенкоиглена аспирација (РМА). Цитопатолозите ги интерпретираат тироидните РИА примероци во четири категории: бенигни (75%), малигни (5%), неодредени (10%) и инсуфициентни (10%). „Бенигните” лезии општо не претставуваат опасност за здравјето на пациентот и може да бидат третирани конзервативно. Кај мал број од пациентите коишто имаат локални симптоми или поради козметичка индикација, доага предвид хируршко отстранување на нодулот. Терапијата со левотироксин често се препорачува со цел намалување на Т8Н до долни референтни вредности и со тоа минимизирање на стимулацијата на нодулот, но контролираните стуции генерално покажуваат слични резултати кај групите третирани со плацебо и групите третирани со тироксин, што претставува аргумент против рутинската супресивна терапија кај пациентите со солитарни нодули.
Интерпретацијата „инсуфициентен материјал” може да биде резултат на високо васкуларни нодули или несоодветна РИА техника. При тоа, обично се бара повторна РИА. Најголемиот број од „малигните” интерпретации се однесуваат на папиларен тироиден карцином кој што е опишан подолу. Кај 10% од лезиите означени како „неодредени” цитопатолошките карактеристики не овозможуваат дистинкција помегу хиперфункционално тироидно ткиво, бениген фоликуларен аденом и фоликуларен карцином. Првата состојба може да биде потврдена или отфрлена преку мерење на Т8Н и тироиден скен. Ако овие резултати покажуваат „ладен” нодул, разликата помегу малигните и бенигните промени може да се направи само со хируршко отстранување на нодулот и внимателно хистолошко иследување за васкуларна или капсуларна инвазија. За фоликуларните аденоми не е потребна понатамошна терапија; фоликуларниот карцином е опишан подолу.
Иако топлите нодули се бенигни и може јасно да се идентификуваат со тироиден скен, тие претставуваат само мал дел од тироидните нодули.
Овој скап пристап не ја обезбедува дијагностичката информација која е од интерес, односно дали нодулот е малиген или бениген. Затоа, тироидниот скен не треба да се употребува како дијагностички тест од прв избор. Кај малиот број пациенти со сомнеж за постоење на „топол” јазол кој автономно функционира мерењето на ТЗН е евтина и ефективна метода која може да го потврди сомнежот.
Мултинодуларна гушавост
Повекето пациенти со мултинодуларна гушавост се еутиреотични и вниманието го привлекуваат само тогаш кога гушавоста почнува да претставува козметички проблем, кога палпабилниот нодул предизвикува загриженост или кога зголемената жлезда предизвикува симптоми поради локалната компресија. Патогенезата на ова нарушување останува нејасна. Иако повекето пациенти се еутиреотични, некои од нодулите развиваат автономна функција и кај некои пациенти може да настане хипертироидизам, состојба позната како токсична мултинодуларна гуилавост. Поради тоа што нодуларното ткиво расте независно од ТЗН, супресијата со тироидните хормони е неефективна во намалувањето на мултинодуларната гушавост. Кај многу пациенти со еутиреотична мултинодуларна гушавост, нивото на ТЗН е во рамките на долните референтни вредности. Мултинодуларните жлезди ретко малигнизираат, но нодулите кои брзо растат бараат понатамошна евалуација.
Еутиротичните пациенти со мултинодуларна гушавост се чувствителни на тиротиксикоза индуцирана од јод (феномен Јос1-Ва5ес1о\у). Кај овие пациенти треба да се избегнуваат фармаколошките дози на јодидите и треба внимателно да се мониторираат по изведувањето на радиографски процедури со контраст или доколку примаат амијодарон.
Тироиден карцином
Тироидниот карцином го претставуваат група на малигноми кои бавно прогредираат и имаат главно добра прогноза, со одредени варијации мегу хистолошките видови. Папиларниот карцином е најчестиот вид (70%) и има најдобра прогноза, стапка на 20-годишно преживување од 90%. Метастазите настануваат преку лимфните садови. Кога се ограничени на тироидната жлезда или во блиските цервикални лимфни јазли, третираните’ пациенти имаат исто преживување како и здравите контролни испитаници на иста возраст. Фоликуларниот карцином се појавува кај донекаде постарата возрасна група, хематогено се дисеминира и има нешто полоша прогноза (20-годишното преживување е 70%). Коските и белите дробови се најчестите места каде што метастазира. Фоликуларните и папиларните карциноми се добро диференцирани. Туморите со мешавина од папиларни и фоликуларни елементи обично се однесуваат како папиларни карциноми. Анапластичниот карцином на тироидната жлезда е ретка неоплазма која расте рапидно и напага локално, предизвикувајки парализа на гласните жици и компресија на трахеата. За разлика од папиларните и фоликуларните неоплазми, анапластичниот карцином има лоша прогноза.
Медуларниот тироиден карцином е малигном на тироидните С (Ц) клетки. Околу половина од случаите имаат фамилијарна поврзаност и може да се појават или како изолиран фамилијарен медуларен тироиден карцином (МТС) или во рамките на мултипна ендокрина неоплазија (МЕИ) од типовите На (МТС, феохромоцитом и хиперпаратироидизам) или Њ (МТС, феохромоцитом и мукозни невроми). Ознака на болеста и зголеменото ниво на серумски калцитонин. Агресивноста на туморот широко варира мегу спорадичните и различните фамилијарни синдроми. Хируршката ресекција е единствената ефективна терапија.
Терапија
Тироидектомијата е главната терапија за тироидниот карцином. Во некои центри се применува помалку агресивен хируршки пристап (тироидна лобектомија) кај пациентите со мал, неинвазивен папиларен карцином. По изведувањето на скоро тотална тироидектомија се применува терапија со висока доза 1311 за аблација на сето останато тироидно ткиво, што доведува до понатамошно подобрување на веке добрата прогноза. Супресивната терапија со тироидни хормони е обично индицирана за намалување на стимулацијата на резидуалните или метастатските туморски клетки. Кога туморот или метастазите имаат способност да го концентрираат радиојодот (папиларни или фоликуларни карциноми) може да следи скен на целото тело со 1311. Кај многу пациенти високите дози на радиојодот може ефективно да ја редуцираат метастатската туморска маса. Сериските мерења на серумското ниво на тироглобулинот овозможува следење на пациентите со тироиден карцином, при што зголемувачките нивоа сугерираат вракање на болеста.