ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Разновидни тироидни нарушавања

ЛекарИнфо редакција29 април 2026
Илустрација на човечко тело со истакната штитна жлезда на вратот; во зголемен приказ се гледа самата жлезда (во форма на пеперутка) со жолти стрелки кои означуваат зголемување/ширење на жлездата во сите правци, симболизирајќи хипертиреоза или гушавост.
Извор на сликата: BruceBlaus. When using this image in external sources it can be cited as: Blausen.com staff (2014). "Medical gallery of · CC BY 3.0

Кај пациентите кои го примаат антиаритмискиот лек амиодарон може да се развие хипотироидизам индуциран од лекови или хипертироидизам предизвикан од екстремно високата содржина на јод во амиодаронот (37% од масата; дневната потреба за јод е проценета на 75 \х§).

 

Лекови кои интерферираат со тироидната функција

Кај пациентите кои го примаат антиаритмискиот лек амиодарон може да се развие хипотироидизам индуциран од лекови или хипертироидизам предизвикан од екстремно високата содржина на јод во амиодаронот (37% од масата; дневната потреба за јод е проценета на 75 \х§). Литиум карбонатот кој се употребува во третманот на биполарните нарушувања може да предизвика еутиреотична гушавост или хипотироидизам. Интерферонот-а кој се употребува во третманот на хепатит Ц може да предизвика хиперили хипотироидизам, најчесто кај пациентите со претходен тироиден автоимунитет. Пропранололот ја блокира конверзијата на Т4 во Т3 и овој ефект може да се употреби при лекувањето на хипертироидизмот. Железо сулфатот, калциум карбонатот и секвестрите од жолчните киселини, како што е холестираминот ја намалуваат гастроинтестиналната апсорпција на левотироксинот.

Синдром на болен еутироидизам

Многу акутно болни пациенти со нетироидна болест имаат абнормални нивоа на тироидните хормони. Можни се три различни ситуации во манифестацијата на прогресивната, потешка системска болеста. Кај синдромот „низок Т3” нарушената конверзија на Т4 во Т3 во периферните ткива е придружена со зголемена продукција на метаболички неактивен гТ3. Кај синдромот „низок Т4, низок Т3” постои циркулирачки фактор кој го инхибира сврзувањето на тироидните хормони за ТВС, при што се намалуваат вкупните нивоа на Т4. Овие две форми се карактеризираат со нормални слободни нивоа на Т4, а нивоата на Т5Н се или нормални или минимално зголемени или намалени. Кај критично болните пациенти, се детектира синдромот „низок слободен Т4”; тој навестува лоша прогноза. Се мисли дека кај овие пациенти хормоналните промени можеби претставуваат адаптациски одговор на тешката нетироидна болест; намалените метаболиски барања може да му помогнат на пациентот во текот на борбата со тешката болест. Критично болните пациенти може да бидат во хипотермија, да бидат ментално спори и може да покажуваат многу други абнормалности кои се карактеристични за хипотироидизмот. И покрај тоа, во отсуство на позната болест на тироидната жлезда или хипофизата, наодот на ниски нивоа на тироидните хормони во серумот кај овие пациенти не треба да се интерпретира како вистински хипотироидизам. Поради тоа што давањето на тироидните хормони кај овие пациенти може да го влоши исходот на болеста, тие не треба да бидат лекувани со тироидни хормони.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Болести на ендокриниот систем