Болести на ендокриниот систем

Кушингов синдром

Вишокот на гликокортикоиди предизвикува констилација од физички и метаболни нарушувања позната како Кушингов синдром. Физичкото испитување открива дебелина на трупот, акумулација на маснотии помегу скапулите и во супраклавикуларниот регион, лице месечина (тооп Гааеб); тенка, кршлива коска, широки стрии; остеопороза со скршеници на ’рбетниот столб и ментални промени.

 

Клинички манифестации

Вишокот на гликокортикоиди предизвикува констилација од физички и метаболни нарушувања позната како Кушингов синдром. Физичкото испитување открива дебелина на трупот, акумулација на маснотии помегу скапулите и во супраклавикуларниот регион, лице месечина (тооп Гааеб); тенка, кршлива коска, широки стрии; остеопороза со скршеници на ’рбетниот столб и ментални промени. Метаболните секвели вклучуваат хипертензија; гликоза интолеранција и често вистинска шекерна болест; миопатија со проксимална мускулна слабост; хипокалемија; и алкалоза. Адреналните андрогени може да бидат зголемени, предизвикувајки хирзутизам, акни и менструални нарушувања кај жени. Кај мажи, СогИбо1 може да ги супримира гонадотропините, предизвикувајки хипогонадизам.

Етиологија

Кушинговиот синдром може да се класифицира како егзоген и ендоген. Егзогениот или јатроген Кушинг е далеку најчест облик и се разликува од ендогената форма преку чисто гликокортикоидниот вишок (на пр. отсуство на андроген-предизвикан хирзутизам кај погодените жени). Ендогениот Кушинг најчесто е резултат на еден од трите процеси:

1. Во болеста Кушинг, аденом на хипофизата лачи прекумерни количини на АСТН, предизвикувајки билатерална адренална хиперплазија и хиперсекреција на СогИго1 и адренални андрогени.

2. Ектопична секреција на АСТН најчесто е придружена со ситно клеточен карцином на белите дробови, но други тумори (на пр. бронхијални карциноидни тумори) може да бидат одговорни. Поради брзата прогресија на болеста кај некои пациенти со постоечки малигнитет, метаболните наоди (на пр. хипокалемична алкалоза) може да доминираат над физичките промени во овој облик на Кушингов синдром.

3. Адренокортикални неоплазми (т.е аденом или карцином) може да хиперсекретираат СогИбо1, андрогени и минералокортикоиди. Високи вредности на СогИбо1 ја супримираат хипофизната АСТН секреција.Ова е единствената заедничка АСТН-независен облик на Кушингов синдром.

Дијагностичка проценка

Дијагнозата на ендогениот Кушингов синдром вклучува два чекори: потврдување на присуство на хиперкортисолизам (ћу-регсогИбоНбгп) и одредување на специфична причина за хиперкортисолизам (ћурегсогИбоНбт). Првиот чекор тешко се прави поради недостаток на специфичност на многу од знаците и симптомите на Кушинговиот синдром (на пр. дебелина, хипертензија, дијабетес) различни состојби кои може да имитираат Кушингов синдром клинички или биохемиски (на пр. депресија, алкохолизам) и недостатоци на биохемиски тестови. Бидејки вредностите на Сог1;18о1 во серумот кај пациенти со Кушингов синдром се поклопуваат со нормалните вредности, потребни се значително пософистицирани тестирања. Зголемено лачење на слободен Согћбо1 во 24-часовна урина е чувствителен и релативно специфичен индикатор за хиперкортисолизам (ћурегсогИбоНбш). Недостаток на супресија на утринските вредности на СогИхо! во серумот по орална примена на 1 т§ дексаметазон на полнок е друг корисен скрининг тест, иако постојат голем број на причини за лажно-позитивни резултати (дебелина, депресија, орални контрацептиви, антиконвулзиви). Ако кој и да било од овие тест резултати е позитивен, дијагнозата на хиперкотикосолизам ( ћурегсогЉоНбт) може да се потврди со недостаток на супресијана слободниот Сог1;15о1 во 24-часовна уринаи 17-ћус1гоху-сог1;коб1:его1с1б (т.е гликокортикоидни метаболити) за време на 2 дена давање на ниски-дози на дексаметазон (0.5 т§ секои 6 часа, ниска-доза на дексаметазон супресионен тест). Бидејки стресот кај тешки болести и хоспитализацијата се придружени со зголемена секреција на СогШо1, дијагнозата на Кушинговиот синдром е тешка кај хоспитализирани пациенти.

Одредувањето на конкретна причина за ендогениот Кушингов синдром исто така претставува предизвик. Вредностите на серумскиот АСТН можат да бидат корисни. Многу ниските вредности укажуваат на адренална неоплазма, но вредностите на АСТН вистински не ја диференцираат Кушинговата болест од ектопичната секреција на АСТН. Дијагнозата на ектопичен АСТН синдром е често очигледна, бидејки повекето пациенти веке имаат напреден стадиум на малигнитет кога кушингоидните карактеристики стануваат јасни. Сепак, Кушинговиот синдром може да биде предизвикан од окултни неоплазми (на пр. бронхијален карциноиден тумор. Диференцијација од тумор на хипофиза, со 2-дена-високи-дози дексаметазон супресионен тест (2 ш§ секои 6 часа) е често корисно: кај Кушингова болест, хипофизата останува во можност да одговара (супресивна) на овие високи дози на дексаметазон, но повекето тумори кои произведуваат ектопични АСТН не се супримирани.

Повекето тумори на хипофиза кои произведуваат АСТН се мали и може да ја избегнат детекцијата со магнетна резонанца МШ. Бенигни, хормонски мирни тумори на хипофизата и надбубрежните жлезди се чести, па диференцијалната дијагноза од кушинговиот синдром мора да се базира на хормонални тестирања отколку на радиолошки испитувања. Билатерално земање на АСТН во долните петрозни синуси (тГепог ре1:го5а1 бтшеб) пред и по давање на кортикотропин-ослободувачки хормон (СКН) се корисни за дистинкција на хипофизно-базиран од ектопичен Кушингов синдром.

Терапија

Хируршка ресекција на ендокринолошки активен тумор е терапија на избор за сите причини на Кушингов синдром освен за ектопично производство на АСТН од метастатски карцином. Тумор на хипофиза отстранет преку транссфеноидален приод обезбедува најдобри резултати кај Кушинговата болест, со низок оперативен морбидитет. За жал, болеста може да се повтори. На адреналните неоплазми може да им се пријде преку инцизија во слабината или преку лапараскопија, избегнувајки морбидитет од трансабдоминална операција. Кај пациенти со ектопичен АСТН синдром, освен ако туморот не може да се отстрани, третманот е палијативен. Инхибитори на стероидната синтеза-како што се кетоконазол (ке1:осопа2о1е), метирапон (те1угаропе), и амино-глутетимид (атто§1и1:еШ1т1с1е) може да ги ублажи симптомите кај пациентите; митотан (тИхЛапе) -е адренолитички лек е повремено ефикасен. МНерибШпе (ШЈ-486) е гликокортикоид антагонист и тоа може да се користи за намалување на ефектите на гликокортикоидниот вишок.

СЛУЧАЈНО ОТКРИЕНА МАСА ВО НАДБУБРЕЖНАТА ЖЛЕЗДА

Како што е случај и со другите ендокрини ткива (на пр. тироидата, хипофиза), надбубрежната жлезда често развива бенигни јазли, кои можат да се откријат случајно за време на радиографски процедури изведени за други индикации. Клинички предизвик е да се диференцира од кост-ефективна гледна точка раниот стадиум на малигнитет или хормон-секретирачки тумор од бенигно потекло, хормонално мирен тумор кој се јавува кај 1% до 10% од општата популација. Клинички доказ за хиперсекреција на некој адренален кортикален или медуларен хормон е налог за биохемиска евалуација. Поголемите тумори имаат висок ризик на малигнитет и треба да се отстранат, но помалите тумори едноставно треба да се следат и да се отстранат ако имаат континуиран раст.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button