ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Испитување на тироидната функција

ЛекарИнфо редакција11 март 2025
Лабораториски техничар во сини униформи ракува со епрувети и лабораториска опрема во современа медицинска лабораторија со фрижидери за биолошки материјали во позадина.
Извор на сликата: Goleisureintl · CC BY 4.0

Тироидните хормони во серумот се присутни во две форми: слободна и сврзана. Мерењето на вкупните серумски концентрации (пр. сврзана и слободна) на Т3 и Т4 лесно и прецизно се одредуваат со радиоимуноесеј.

 

Одредување на серумски Т3 и Т4

Тироидните хормони во серумот се присутни во две форми: слободна и сврзана. Мерењето на вкупните серумски концентрации (пр. сврзана и слободна) на Т3 и Т4 лесно и прецизно се одредуваат со радиоимуноесеј. Но, со оглед на тоа што само слободниот хормон е биолошки активен, мерењето на вкупниот Т4 или Т3 не го одразува секогаш точно тироидниот статус. На пример, состојбите при кои се зголемени протеините кои сврзуваат тироидни хормони (пр. терапија со орални естрогени, употреба на орални контрацептиви, хронична злоупотреба на хероин, бременост, хепатит) се асоцирани со зголемени вкупни тироидни хормони, но нивоата на Т4 се нормални и постои еутироиден статус. Спротивно на тоа, намаленото сврзување на тироидните хормони (пр. употреба на андрогени стероиди или глукокортикоиди, нефротски синдром) е асоцирано со ниски вкупни тироидни хормони, но нивоата на слободните хормони се нормални и, исто така, постои еутироиден статус. Исто така постојат и хередитарни синдроми со зголемено или намалено сврзување на тироидните хормони.

Мерењето на нивоата на слободните хормони овозможува премостување на овие проблеми и претставува директна процена на тироидниот хормонски статус. „Златен стандард” за испитување на слободните тироидни хормони е еквилибриумската дијализа. За жал, оваа метода е релативно скапа. Директниот радиоимуноесеј за слободниот Т4 се изведува во многу лаборатории и претставува прецизен и „соб^-еИесИуе” пристап.

Пресметувањето на индексот на слободниот тироксин од вкупниот Т4 и Т3 (индиректно, инверзно мерење на сврзувањето на тироидните хормони во серумот), иако не се препорачува, сепак често е адекватно.

Одредување на тироид стимужирачкиот хормон

Како што покажува негативната повратна спрега помегу тироидните хормони и секрецијата на Т8Н, нивоата на ТЗН се супримирани кај хипертироидизмот, а зголемени кај примарниот хипотироидизам. Со поновите имунорадиометриски есеи (1КМА) може точно да се направи разлика помегу нормалните и ниските нивоа на ТЗН. Како резултат на тоа, овој вид на Т8Н есеи е најсензитивен тест за одредување на тироидниот статус. На пример, во случаите на граничен хипотироидизам, како се намалуваат нивоата на тироидните хормони, хипофизата реагира со зголемена секреција на ТЗН со цел одржување на еутироидизмот. Затоа, зголемениот ТЗН може да биде единствената абнормалност која идницира почетен примарен хипотироидизам. Слично на тоа, некои пациенти со лесен хипертироидизам може да имаат нивоа на тироидните хормони кои се наогаат на горната референтна врдност, а при тоа ТЗН е супримиран.

Значењето на Т8Н како сензитивен инверзен индикатор на тироидниот статус е применлив само кај примарните тироидни болести. Секундарниот хипотироидизам (пр. тумор на хипофизата кој предизвикува панхипопитуитаризам) се карактеризира со низок ТЗН и ниски нивоа на тироидните хормони.

Скен на тироидната жлезда

Скенот со радионуклиди со мали дози ш1, Ш1 или 99тТс-пертехнетат овозможува визуелизација на тироидната жлезда. Скенот на тироидната жлезда е корисен за диференцијација на причините за хипертироидизмот, за дијагноза на субстерналната гушавост, процена на активноста на тироидните нодули, како и за иследување за евентуална метастатска болест кај пациентите со тироиден карцином. Дозата на радиоактивниот јод потребен за третман на пациентите со хипертироидизам се пресметува од количината на радиоактивниот јод којшто се презема од страна на тироидната жлезда.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Болести на ендокриниот систем