Инсуфицијенција на хипофизата
Во најголемиот број од случаите, инсуфициенцијата на хипофизата е подмолна, хронична болест која што се карактеризира со неспецифични симптоми кои наликуваат на депресија.
Во најголемиот број од случаите, инсуфициенцијата на хипофизата е подмолна, хронична болест која што се карактеризира со неспецифични симптоми кои наликуваат на депресија. Поради тоа што хипофизата поседува значителна функционална резерва и поради тоа што целните жлезди имаат одредена автономна функција, пациентите вообичаено страдаат од релативен дефицит на ендокрината функција, а не од нејзиното потполно отсуство.
Панхипопитуитаризам се вика синдромот кога сите хормони од хипофизата се отсутни. Пациентите се летаргични и бледи, а кожата има изглед на алабастер. Либидото е намалено, а сексуалните органи се атрофирани. Пубичните и аксиларните влакна се ретки.
Пациентите може да имаат гранична или изразена тироидна или надбубрежна инсуфициенција и кај нив постои ризик за развој на компликации од овие болести.
Делумниот хипопитуитаризам (пр. недостаток на еден или неколку хормони од хипофизата) може да се појави при која било од причините за панхипопитуитаризмот. Иако постојат индивидуални варијации, недостатокот на хормоните главно прогредира од најмалку важните до најважните за одржување на животот и распространување на видовите (пр. СН, Ш/Р8Н, ТЗН и потоа АСТН). Поради тоа што недостатокот на гонадотропинот обично претходи на недостатокот на ТЗН и АСТН, доколку жената има редовни менструални циклуси веројатноста за хипопитуитаризам е мала.
Како причини за хипопитуитаризмот се издвојуваат аденомите на хипофизата, нехипофизните тумори кои ги засегаат хипоталамусот или хипофизата (пр. краниофарингиоми), хипофизектомијата, радијационата терапија, траумите, постпарталната некроза на хипофизата (Зћеећап синдром), церебралните аневризми, грануломатозните болести (пр. саркоидоза), инфекциите (пр. туберкулоза, менингитис), автоимуниот хипофизит, и хемохроматозата. Некои од случаите се идиопатски.
Вообичаена појава кај панхипопитуитаризмот е хипонатриемијата која може да предизвика промени во менталниот статус или кома. Причината за хипонатриемијата е мултифакториелна и делумно е последица на намалените серумски нивоа на кортизолот и тироидниот хормон. Во праксата е важно хипонатриемијата и панхипопитуитаризмот да не се помешаат со нискиот серумски натриум кој се сретнува при синдромот на несоодветна секреција на антидиуретичен хормон (51АБН).
Кај пациентите со панхипопитуитаризам се даваат тироксин, хидрокортизон и гонадални стероиди. Тироидните хормони ја зголемуваат стапката на метаболизам на глукокортикоидите и може да бидат поттик за адренална криза кај пациентите со гранична функција на адреналната оска освен при истовремена апликација на егзогени стероиди. Кај младите деца со панхипопитуитаризам се применува терапија со СН. Возрасните со хипопитуитаризам често се жалат на летаргија и намалена сила и покрај адекватната хормонска терапија. Овие симптоми се последица на синдромот на дефицит на СН кај возрасните и често се придружени со зголемување на абдоминалните и вкупните масти, намалување на густината на коскените минерали, мускулната сила, аеробниот капацитет, како и атерогениот липиден профил. Терапијата со СН ги подобрува симптомите и промените во телесниот состав, физичкиот капацитет, како и метаболизмот. Кај пациентите со суспектен д&фицит на СН треба да биде изведено тестирање за потврда на дијагнозата пред да се започне со терапијата со СН.
Секундарна надбубрежна инсуфициенција
Најчестата форма на селективниот хипопитуитаризам е супресијата на хипоталамус-хипофиза-надбубрежната оска индуцирана од примена на глукокортикоиди во терапевтски цели. Дневните дози на стероиди (околу 20 т§ на преднизон во текот на пет дена или помали дози во текот на една до две недели) ја супримираат хипоталамус-хипофиза-надбубрежната оска во текот на недефиниран период. Во зависност од дозата и времетраењето на терапијата оската може да биде супримирана во текот на една година или подолго по прекинувањето на терапијата. Иако постојат бројни извештаи за пациенти кои што покажуваат толеранција за хируршките интервенции без притоа да примат глукокортикоиди, сепак сите пациенти коишто примиле супримирачки дози на глукокортикоиди во текот на последната година треба да примат стероиди при секоја потешка болест или хируршка интервенција. Ризикот од таквата терапија е мал, но несоодветниот одговор на надбубрежната жлезда при стрес може да биде потенцијално животозагрозувачки. Секундарната надбубрежна инсуфициенција се разликува од примарната (кортикална) инсуфициенција по отсуството на хиперпигментација и хиперкалиемија.
Постојат бројни протоколи за прекинувањето на стероидната терапија кај пациентите, но сите тие се базираат на шемата на постепено намалување на дозата со евентуална промена во начинот на апликација и се препорачува нивно земање секој втор ден. Наглото прекинување може да доведе до синдром на прекин на стероидите кој се карактеризира со летаргија, анорексија, артралгии и ортостатска хипотензија како дополнение на повторното влошување на основната болест поради која првично биле препорачани глукокортикоидите.
Синдром на празно турско седло
Синдромот на празно турско седло обично се открива инцидентно при радиолошка евалуација на суспектна кранијална патологија. Иако причината е непозната, се претпоставува дека нецелосната дијафрагма на седлото дозволува навлегување на цереброспинална течност во седлото која врши компресија на хипофизата и истата се претвора во тенок раб од ткиво, а седлото симетрично се зголемува.
Најчест е примарниот синдром на празно стебло којшто е резултат на конгенитален дефект на дијафрагмата, но исто така се појавуваат и секундарни форми кои се последица на хируршка интервенција или тумор. Функцијата на хипофизата обично е нормална, иако кај некои пациенти може да се појават лесна хиперпролактинемија или различни степени на хипопитуитаризам.