Хипокалцемија
Стечена хипокалцемија, серумскиот јонизиран калциум е низок, ретка е во отсуство на очигледна и најчесто тешка постоечка болест.
Стечена хипокалцемија, серумскиот јонизиран калциум е низок, ретка е во отсуство на очигледна и најчесто тешка постоечка болест.
Хипокалцемијата вообичаено се манифестира со парестезии на устата и прстите. Парестезиите може брзо да прогредираат во мускулни грчеви, спазми и тетанија. Анксиозност, со последична хипервентилација и респираторна алкалоза, дополнително го намалува серумскиот јонизирачки калциум и може да ги влоши симптомите. Неуромускулна ексцитабилност може да се докаже со испитување на фацијалниот нерв под зигоматичниот раб и преку следење на несакани контракции во ипсилатералните фацијални мускули (знак Сћуоб1;ек). Тетанија на рака, наречена карпален спазам, може да биде предизвикана со пупмање на сфингоманометар над систолниот притисок на надлактицата во траење од 2 минути (знак Тгоиббеаи). Кај пациенти со акутна хипокалцемија, тешка тетанија може да резултира со ларингоспазам. При хипокалцемичен напад исто така може да се појави и хипотензија. Други манифестации на хипокалцемија може да вклучуваат електрокардиографски аномалии, особено продолжување на С)Т интервалот.
Терапија
Ургентноста, времетраењето, и методот на лекување на хипокалцемијата зависи од тежината и етиологијата на абнормалноста. Во акутни ситуации интравенско давање на калциум, е есенцијално за стабилизирање на клеточните мембрани и ги ублажува неуролошките, мускулните и срцевите манифестации. Давањето на калцитриол ја зголемува интестиналната абсорпција на калциум и има потреба од долготрајна орална администрација на калциум кај повекето хронични причини за хипокалцемија. Хипомагнеземијата го спречува ослободувањето на РТН од паратиреоидните жлезди и ја намалува нивната активност во таргет ткивата. Ако резервите на магнезиум се намалени, само супституцијата на калциум не може да ја подобри хипокалцемијата.