ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Хипофиза

ЛекарИнфо редакција23 февруари 2026
Стилизиран цртеж на хипофизната жлезда (хипофиза) прикачена преку стебло за мозочното ткиво, во светло-жолто-беж боја, без реални анатомски детали на околните структури.
Извор на сликата: Laboratoires Servier · CC BY-SA 3.0

Хипофизата е сместена во турското седло на базата од черепот. Горната граница на елипсоидното турско седло ја претставува делот од с1ига та1ег означен како дијафрагма на седлото, кој што е прободен од страна на хипофизното стебленце и порталната васкуларна мрежа.

 

Анатомија и физиологија

Анатомија

Хипофизата е сместена во турското седло на базата од черепот. Горната граница на елипсоидното турско седло ја претставува делот од с1ига та1ег означен како дијафрагма на седлото (сИаркга%та зеИа), кој што е прободен од страна на хипофизното стебленце и порталната васкуларна мрежа. Кавернозните синуси ги формираат латералните граници на седлото, додека сфеноидалните синуси лежат медијално. Оптичката хијазма е сместена над хипофизата и над сИаркга$та зеИа .

Физиологија на предната хипофиза

Предната хипофиза (аскпоћурорћубјз) прима високо концентрирана мешавина од пептидни хормони и биогени амини од хипоталамусот преку хипофизниот портален систем. Хипоталамусните хормони имаат дејство на клетките од предната хипофиза преку стимулирање или супримирање на секрецијата на трофичките хормони коишто понатаму вршат регулирање на целните ендокрини ткива. Целината хипоталамус-предна хипофиза врши директно регулирање на пет ендокрини системи или оски.

Адренална оска. Кортикотропин-ослободувачкиот хормон е хипоталамусниот регулатор на секрецијата на адренокортикотропниот хормон (АСТН, исто така познат како кортикотропин). АСТН, ендорфинот, бета-липотропинот и стимулирачките хормони на меланоцитите се синтетизираат во исти клетки од хипофизата (кортикотрофи) од единствена голема прекурсорска молекула про-опиомеланокортин. АКТХ е примарниот стимулус за глукокортикоидна и андрогена продукција од кората на надбубрежната жлезда.

Тироидна оска. Тиротропин-ослободувачкиот хормон (ТКН) го стимулира ослободувањето на тироид-стимулирачкиот хормон (Т5Н, исто така познат како тиротропин) од предната хипофиза. Т8Н е член на глукопротеинската хормонска фамилија, која штоги вклучува и лутеинизирачкиот хормон (КН), фоликул-стимулирачкиот хормон (БЗН) и хорионскиот гонадотропин (СО или ћСС). Секој од овие хормони е составен од две подединици: биолошки неактивна аподединица којашто ја содржат сите четири хормони и п-подединица која што ја дава специфичната биолошка активност на секој од хормоните. Т5Н ја стимулира синтезата и секрецијата на тироксинот и тријодотиронинот од штитната жлезда.

Гонадална оска. Гонадотропин-ослободувачкиот хормон (СпКН) го стимулира ослободувањето на Ш и Р5Н од хипофизата. Кај жените, Ш и Р5Н го регулираат производството на овариумските хормони, развојот на фоликулите, овулацијата и функцијата на согриз 1и1еит. Кај мажите, Ш го стимулира производството на тестостеронот во интерстициелните клетки (ћеусћ^) од тестисите, а Б5Н ја регулира сперматогенезата.

Соматотропна оска. Секрецијата на хормонот за раст (СН) од хипофизата се наога под двојна хипоталамусна контрола: ослободувачкиот хормон

Анатомија на турското седло и хипофизата. Воочи ја близината на оптичката хијазма и кавернозните синуси на хормонот за раст (СНКН) ја стимулира, а соматостатинот ја инхибира секрецијата на СН. СН е есенцијален хормон за нормалниот раст во текот на детството и адолесценцијата. Кај возрасните, СН го продолжува влијанието на метаболизмот и градбата на телото. СН индиректно ги проширува своите биолошки ефекти преку стимулирање на продукцијата на фактор зараст сличен на инсулинот I (1СР-1, порано познат како соматомедин Ц). 1СР-1 системски се секретира од црниот дроб и има паракрини ефекти во многу ткива.
Секреција на пролактин. Секрецијата на пролактинот (РШ) од предната хипофиза се наога примарно под инхибиторната контрола на допаминот од хипоталамусот. Како резултат на тоа, антидопаминергичните лекови како што се фенотиазините може да предизвикаат хиперпролактинемија и галактореа. ТЕН го стимулира ослободувањето на пролактинот кај пациентите со примарен хипотироидизам, но неговата улога при нормална секреција на пролактин е мала. Заедно со други хормони пролактинот го стимулира развојот на алвеолите од млечните жлезди во текот на бременоста и продукцијата на млеко во постпарталниот период.

Физиологија на задната хипофиза

Задната хипофиза (неврохипофиза) е неврален продолжеток на хипоталамусот. Пептидергичните неврони чии што клеточни тела се сместени во супраоптичките и паравентрикуларните јадра на хипоталамусот имаат аксони кои што стигнуваат до задната хипофиза каде што се одвива секрецијата на малите полипептиди окситоцин и антидиуретичен хормон (АОН, познат и како вазопресин) директно во системската циркулација. Поголемите пептиди, познати како неврофизини, се ослободуваат заедно со споменатите хормони. Окситоцинот е вклучен во излачувањето на млекото од дојките, како и во засилувањето на контракциите од утерусот при породувањето. Не е позната неговата физиолошка активност кај мажите, но се претпоставува дека има улога во ејакулацијата. АБН е одговорен за одржувањето на осмоларноста на плазмата и, во помал степен, за одржувањето на волуменот на плазмата.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Болести на ендокриниот систем