Болести на ендокриниот систем

Хиперфункција на хипофизата

Иако многу тумори на хипофизата секретираат хормони или нивни подединици, сепак само тие кои што продуцираат СН, РЗДЦ АСТН или Т8Н создаваат синдроми на хормонски вишок. Туморите коишто создаваат Т5Н предизвикуваат хипертироидизам, но тие се екстремно ретки.

 

Иако многу тумори на хипофизата секретираат хормони или нивни подединици, сепак само тие кои што продуцираат СН, РЗДЦ АСТН или Т8Н создаваат синдроми на хормонски вишок. Туморите коишто создаваат Т5Н предизвикуваат хипертироидизам, но тие се екстремно ретки. Секрецијата на АСТН од тумор на хипофизата се вика КушинГова болест и е предмет на дискусија во Поглавје 24 заедно со другите причини за Кушинговиот синдром. Туморите кои што секретираат гонадотропини, нивни р-подединици или а-подединицата се манифестираат со ефектите од масата на туморот или со хормонска инсуфициенција.

Најголемиот број од туморите на хипофизата се појавуваат спорадично, но исто така се појавуваат и кај пациентите со тип I синдромот на мултипна ендокрина неоплазија (МЕ1\[). Кај оваа автозомно доминантна состојба хиперфункциските тумори се појавуваат во предната хипофиза (најчесто пролактином), паратироидните жлезди и панкреасните островца (пр. гастрином, инсулином).

Акромегалија

СН е потребен за нормален раст во текот на детството. СН има бројни анаболички ефекти, како што се позитивната рамнотежа на азотот, калциумот, фосфорот, калиумот и натриумот и стимулацијата на синтезата на протеините. Тој е исто така антагонист на инсулинот и ја стимулира липолизата. СН ја стимулира диференцијацијата и пролиферацијата на клетките во многу ткива при што предизвикува раст на органите и раст на индивидуата.

Ако секрецијата на СН е прекумерна пред да дојде до затворање на епифизиските плочи за раст на долгите коски детето расте до екстремни висини (хипофизарен Гшантизам). Ако туморот кој што продуцира СН почне да функционира по затворањето на епифизите кај пациентот се развива акромеГалија. Цртите на лицето стануваат груби поради задебелувањето на меките ткива, растот на манбидулата и нејзиното претворање во правоаголна форма (пр. прогнатизам), како и поради истакнувањето на супраорбиталните лакови. Забите може да се разлабават и да се раздвојат како што расте мандибулата. Јазикот станува задебелен, а гласот подлабок. Рацете и нозете се зголемуваат при што настанува промена во големината на прстенот и чевлите кои се носат. Карактеристични се топлината и влажноста при ракувањето. Внатрешните органи, вклучувајки го тука и срцето, се зголемени. Заморот, зголеменото потење, парестезиите, слабоста и артралгиите го надополнуваат драматичното акрално зголемување. Поради тоа што најголемиот број од туморите кои произведуваат СН се макроаденоми чести се главоболките и дефицитите на видното поле. Пациентите може да ослабат поради тешките невромускулни промени. Остеоартритисот и болките во грбот се последица на стимулацијата од СН врз ‘рскавичните и периартикуларните структури.

Синдромот на карпалниот тунел (при кој п. тесНапш е притиснат од страна на задебелените меки ткива на рачниот зглоб, предизвикувајки болка, печење или парестезии во шепата) често се детектира кај овие пациенти и типична е неговата билатерална манифестација.

Вишокот на СН резултира со метаболички ефекти кои што претставуваат израз на неговите познати физиолошки ефекти. Може да се појават интолеранција на глукоза и дијабетес. Задршката на натриумот доведува до хипертензија и придонесува за појава на конгестивна срцева слабост. Синдромот на з1еер арпеа може тешко да го наруши животот на пациентот. Полипите и канцерот на дебелото црево се почести кај пациентите со акромегалија веројатно поради хроничниот стимул за раст предизвикан од зголемените нивоа на СН и 1СР-1. Нејасно е дали и другите малигноми се појавуваат со зголемена фреквенција. Овие компликации се многу позначајни од козметичкиот проблем со нагрдувањето; очекуваното траење на животот кај пациентите со акромегалија е сигнификантно намалено.

И покрај драматичната клиничка слика кај пациентите со целосно манифестна акромегалија, сепак почетокот на болеста е подмолен. Можно е да поминат повеке години додека не се развијат физичките промени и истите може да останат незабележливи за припадниците на потесната фамилија. Неколку години пред да стане очигледен синдромот на акромегалијтата кај пациентите најчесто се дијагностицира лесен диабетес мелитус и хипертензија.

Кај најголемиот број од случаите причината за акромегалијата е непозната. Некои пациенти имаат активациска мутација на стимулаторниот С протеин, Сза, во туморските клетки. Постојат ретки податоци за тумори од пакреасните островца или бронхијални карциноидни тумори коишто ектописки секретираат СНКН и поради тоа го стимулираат растот на хипофизата и секрецијата на СН. Тераписката мерка кај овие пациенти претставува отстранувањето на периферниот тумор.

Дијагноза

Плазма нивото на СН е обично зголемено, но бидејки секрецијата на СН е епизодична како ка) здравите индивидуи, така и кај пациентите со акромегалија, случајното одредување на плазма СН може да наведе на погрешен заклучок. Но, нивоите на 1СР-1 во крвта се стабилни во текот на денот и речиси секогаш се покачени кај пациентите со акромегалија.

Пациентите со акромегалија покажуваат абнормален одговор при ингестија на гликоза којашто во нормални услови ја супримира секрецијата на СН, но кај овие пациенти или нема ефект или ги зголемува нивоата на СН. Во клиничката пракса, зголемените нивоа на 1СБ-1 и отсуството на супресија на СН по ингестија на глукоза се најсензитивните и најспецифичните тестови при поставувањето на дијагноза акромегалија.

Терапија

Акромегалијата е хронична прогресивна болест којашто не поминува спонтано освен во ретките случаи на апоплексија на хипофизата. Транссфеноидалното отстранување на туморот останува и понатаму терапија од прв избор. Стапката на излекување за пациентите со микроаденом изнесува од 80% до 90%, додека само 40%-50% од пациентите со макроаденом се излекувани (процена преку нивото на 1СР-1 и нивото на супримираниот СН при ингестија на гликоза). Радијациската терапија може да се употреби кога хируршката интервенција е неуспешна. Терапијата со соматостатинскиот аналог оЛгеоИск ги нормализира нивоата на 1СР-1 кај 50% од пациентите, го супримира нивото на СН по ингестија на гликоза на <2 п§/ т!, кај 40% од пациентите и го намалува дијаметарот на туморот кај 50% од нив. Исто така, достапна е и интрамускуларна форма на осђгеоИск со продолжено ослободување. Антагонистот на СН, ре^лтотап!:, ги намалува нивоата на 1СР-1 до ниво на нормални вредности кај најголемиот број од пациентите. Терапијата со допамински агонисти саћег§оНпе и ћготоспрИпе е помалку ефиксна и ги нормализира нивоата на 1СБ-1 кај околу една третина и кај 10% од пациентите, соодветно. Обично се аплицираат повисоки дози од оние кои што се применуваат кај пролактиномите. Како заклучок, сите модалитети кои што се достапни за третман на акромегалијата не даваат брз и целосен одговор кај голем број од пациентите и затоа контролата на болеста зависи од примената на комбиниран пристап во лекувањето.

Долготрајното следење е неопходно при проценката на ефективноста на терапијата. Многу од промените на меките ткива се подобруваат или повлекуваат при намалувањето на нивото на СН, а толеранцијата на гликозата и синдромот на карпалниот тунел значително се подобруваат. Хипертензијата и артропатските промени често не се подобруваат. Се препорачува редовна евалуација за појава на тумори на колонот.

Хиперпролактинемија и тумори кои секретираат пролактин

Хиперпролактинемијата доведува до хипогонадизам кај мажите и синдром на аменореја-галактореја кај жените. РЕТ ја супримира секрецијата на СпКН и предизвикува намалување на секрецијата на гонадотропинот и намалување на функцијата на тестисите и овариумите. Клинички тоа се манифестира со импотенција или намалено либидо кај мажите и аменореја кај жените. Галакторејата која што е резултат на експозицијата на развиениот дуктален епител од млечните жлезди на високите нивоа на РШ е честа појава кај жените, а невообичаена кај мажите.

Иако секрецијата на РК1 е зголемена во текот на сонот, сепак дневните нивоа покажуваат релативно благи варијации. Поединечниот тест на крвта за РМ, е често доволен за да се потврди или исклучи хиперпролактинемијата. При добивање на гранични вредности потребно е повторно изведување на тестови на крвта.

Диференцијална дијагноза

Секрецијата на РКТ е зголемена при стрес, бременост и лактација. Стимулацијата на сензорните доводни нерви од брадавиците (пр. доење, траума, инфекција со херпес зостер, мануелна стимулација) исто така го зголемува нивото на РЕТ. Различни лекови кои што интерферираат со допаминергичната невротрансмисија, како што се невролептиците, антидепресивите и опијатите можат да предизвикаат хиперпролактинемија која може да биде симптоматска. Кај примарниот хипотироидизам (види Поглавје 22) зголемената секреција на ТКН го стимулира ослободувањето на пролактинот од хипофизата. Бубрежната и црнодробната инсуфициенција исто така се асоцирани со хиперпролактинемија. Поради тоа што РК1, е под тонична инхибиторна контрола од страна на допаминот од хипоталамусот, секое пореметување на врската помегу хипоталамусот и хипофизата (пр. компресија на хипофизното стебленце од тумор) може да резултира со зголемени нивоа на РКБ во плазмата. Според тоа, не се пролактиноми сите тумори на хипофизата кои се асоцирани со хиперпролактинемија. Нивоата на РКГ, кај овие секундарни форми на хиперпролактинемија се обично под 150 п§/т1,, а само ретко над 200 п§/тГ (референтни вредности: под 15 п§/ тБ кај мажи, под 25 п§/т1 кај жени).

Пролактиноми

Пролактиномите се најчести од туморите на хипофизата. Микропролактиномите, кои се особено чести кај жените се типично непрогресивни: РКХ спонтано се намалува кај 25% до 35% од пациентите и раст на овие тумори се забележува само кај околу 7% од нив. Нивото на пролактинот во серумот е карактеристично зголемен во рамките на интервалот 50-200 п^/пгЦ но може да биде и поголемо.

Третманот е индициран поради превенција на остеопорозата кај пациентите со аменореја, повторно воспоставување на плодноста, редуцирање на симптомите на хипогонадизмот, како и поради намалување на здодевната галактореја. Бромокриптинот, синтетички допамински агонист, го намалува РШЦ повторно ја воспоставува менструацијата и овозможува концепција кај 80% до 90% од пациентите. Обемните студии покажуваат дека употребата на бромокриптинот во текот на раната бременост нема негативни ефекти на бременоста, развојот на фетусот, ниту на развојот на детето. Несаканите ефекти како што се гадењето и ортостатската хипотензија можат да бидат сведени на минимум преку започнување на третманот со мали дози и нивно постепено зголемување. Каберголинот е друг допамински агонист којшто е ефективен како бромокриптинот, но подобро се поднесува од него. Тој е особено корисен кога бромокриптинот е неефективен или кога предизвикува неподносливи несакани ефекти. Со хируршка ресекција на микропролактиномите може да се постигне ремисија дури кај 70% кога истата е изведена од страна на искусни хирурзи, но стапката на рецидивирање достигнува до 50%. Според тоа, хируршка интервенција се препорачува кај пациентите со симптоми кои не реагираат на конзервативната терапија.

Макропролактиномите кои се почести кај мажите имаат различна биолошка природа од микропролактиномите, може да станат прилично големи и покажуваат тенденција за инвазивност при што ги инволвираат околните структури. Серумското ниво на РШП е обично пропорционално зголемено со големината на туморот и може да го достигне интервалот од 1000 до 10.000 п§/т1, или да го надмине. И покрај оваа релативно агресивна природа, допаминските агонисти се многу ефективни во намалувањето на нивото на РКЦ редуцирањето на големината на туморот и подобрувањето на дефицитите на видното поле кај голем број од пациентите.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button