Дијабетес инсипидус е нарушување со дефициентна АБН активност и истото и поретко од 51/ШН. Дијагностички, мора да се направи разлика помегу двете форми на дијабетес инсипидус (неврогена и нефрогена), како и разлика од психогената полидипсија.
Централниот или невроген дијабетес инсипидус е најчесто последица на повреда на главата, кранијална хируршка интервенција, краниофарингиом;’аноксична енцефалопатија, екстрахипофизни тумори кои ги засегаат турското седло или хипоталамусот (пр. менингиом, метастатски карцином на дојката), грануломатозни болести (пр. саркоид), или инфекции на базата на мозокот. Исто така постојат и фамилијарни и идиопатски форми. Лесната транзиторна форма на синдромот може да биде индуцирана од лекови коишто го инхибираат ослободувањето на АБН, вклучувајки ги тука и фенитоинот и етанолот. Во текот на бременоста забрзаниот метаболизам на АБН може да предизвика дијабетес инсипидус. Пациентите со централен дијабетес инсипидус се жалат на полиурија и полидипсија и може да произведат изненадувачки волумени на урина, често повеке од 5 до 1017ден. Овие пациенти карактеристично копнеат за ладна вода и често можат да се сетат на точниот момент кога болеста започнала.
Кај нефрогениот дијабетес инсипидус дисталниот бубрежен колекциски систем не реагира на АБН. Како дополненија на хередитарните форми, бубрежната отпорност кон АБН калцитонин, може да се види кај пациенти со хиперкалцемија или хипокалемија или кај пациенти лекувани со литиум карбонат. Литиум предизвиканиот нефроген дијабетес инсипидус може да трае повеке недели по прекинот на терапијата со литиум.
Пациентите со психоГена полидипсија (т.е компулсивни пијачи на вода) имаат полиурија и зголемен внес на вода како и пациентите со дијабетес инсипидус. Важна индикација за дијагноза на овие пациенти е нивната осмоларност на плазмата (ниска-нормална или ниска).
Кај сите три од овие состојби присутни се полидипсија, полиурија (> 317ден) и дилутирана урина. Ако не се открие очигледна причина за време на земање на анамнеза или физикален преглед, тестот „лишување од пиење вода“ може да биде неопходен за диференцијација на овие нарушувања. Различни протоколи биле публикувани, но сите имаат одредени аспекти: пациентите се лишени од пиење вода 8 до 10 часа под надзор; телесна тежина, осмоларност на урината, осмоларност на плазмата и нивоата на АБН се следат периодично и се дава парентерално АБН кон крајот на испитувањето, и осмоларноста на урината се мери 1 час подоцна.
За време на изведување на тестот лишење од вода, пациентите со централен дијабетес инсипидус имаат зголемена осмоларност на серумот, постојано недетектибилни нивоа на АОН, постојано ниска осмоларност на урината и значително зголемување на осмоларноста на урината како одговор на надворешно внесен АБН.
Лекување
Лекувањето на централниот дијабетес инсипидус зависи од причината на заболувањето и од нелагодноста што ја предизвикува кај пациентот. Секундарниот дијабетес инсипидус од траума или операција може да биде минлив. По акутен инсулт на неурохипофизата или мозочното стебло кај дијабетесот може да се појави транзиторна хипонатремија како резултат на ослободување на резервите на АБН во рамките на неурохипофизата. Ако проксималниот дел на мозочното стебло или хипоталамусот се повредени може да следува постојан дијабетес инсипидус.
Кај пациенти кои имаат целосен недостаток на АБН, надоместувањето на хормонот најчесто е неопходно. Аналогот на АБН 1-с1ебатто-8-В-аг§ттеуазоргеббт (ББАУР) има антидиуретична активност со времетраење од 6 до 12 час& кога се дава интраназално или интравенски. Потребно е само еднаш дневно или два пати дневно и е лек од избор за лекување на централен дијабетес инсипидус. Достапна е и орална форма на лекот.
Нефрогениот дијабетес инсипидус се лекува со тијазидни диуретици или со рестрикција на употреба на сол. Овие мерки го ограничуваат дотурот на натриум во дилутирачкиот сегмент на бубрегот, преку намалување на волуменот на течност што навлегува во дисталните канали и волуменот на екскретираната вода. Во кој и да било програм за лекување на централниот дијабетес инсипидус, пациентите мора да бидат свесни дека треба да го следат внесот на течност за да се спречи интоксикација со течност и сериозна хипонатремија.
