ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Анатомија и физиологија на тиреоидната жлезда

ЛекарИнфо редакција4 јануари 2026
Шематски цртеж на предниот дел од вратот со означени: ларинкс, тиреоидна жлезда (штитна жлезда), паратиреоидни жлезди, трахеа, прво ребро и градна коска (стернум).
Извор на сликата: The original uploader was Sunshineconnelly at English Wikibooks. · CC BY 3.0

Тиреоидната жлезда е составена од два приближно еднакви лобуси поврзани со тенок истмус веднаш под крикоидната рскавица. Кај возрасен нормално тиреоидната жлезда тежи 15 до 20 §. Ектопичните заостатоци на тиреоидното ткиво (на пр. сублингвално, ретростернално, или апирамидалниот дел што произлегува од истмус) може да бидат присутни и може да бидат места за патологија.

 

Анатомија

Тиреоидната жлезда е составена од два приближно еднакви лобуси поврзани со тенок истмус веднаш под крикоидната рскавица. Кај возрасен нормално тиреоидната жлезда тежи 15 до 20 §. Ектопичните заостатоци на тиреоидното ткиво (на пр. сублингвално, ретростернално, или апирамидалниот дел што произлегува од истмус) може да бидат присутни и може да бидат места за патологија. Паратиреоидните жлезди се лоцирани веднаш зад тиреоидните, и рекурентните ларингеални нерви лежат веднаш медијално до нивните латерални лобуси. Хипопаратиреоидизмот и парализата на гласните жици се потенцијални компликации на операција на тиреоидната жлезда.

Тиреоидната жлезда е составена од фоликули исполнети со колоид во кој е складиран тиреоглобулинот. Фоликуларната внатрешност е обвиткана со тиреоидни фоликуларни епителијални клетки, кои се одговорни за синтеза, чување и секреција на тиреоидните хормони. Помегу фоликулите, парафоликуларните или Ц клетки се наогаат во рамките на фиброзниот интерстициум. Овие клетки, кои се сепарираат од ембриолошкиот зачеток, продуцираат 183. хормон кој што го намалува серумскиот калциум и ја инхибира ресорпцијата на коските кога се аплицира во фармаколошки дози, но неговата физиолошка функција е нецелосно разјаснета.

Физиологија

Тироидната жлезда врши активен транспорт на јодидните јони во зависност од концентрацискиот градиент. По навлегувањето во фоликуларните клетки јодидот се оксидира до елементарен јод и се сврзува со тирозинските резидуи од големиот протеин тироглобулин. Потоа, овие јодирани тирозински молекули се спојуваат една со друга и се формираат тироидните хормони, кои се складираат во фоликуларниот лумен. Секрецијата на тироидните хормони вклучува ендоцитоза на колоидот кој содржи тироглобулин од страна на фоликуларните клетки, одвојување на претходно формираните хормони од матичната тироглобулинска молекула во внатрешноста на лизозомите и дифузија на хормоните преку базалната плазма мембрана во циркулацијата. Најголемата количина од ослободениот хормон е во форма на тироксин (Т4). Во нормални услови, само мала количина од тироглобулинот преминува во крвта. Но, при напад на субакутен тироидит, по хируршка интервенција на тироидната жлезда, по третман со радиоактивен јод, како и при појава на тироиден карцином, значителни количини на тироглобулин може да бидат ослободени од жлездата.

Циркулирачките тироидни хормони се цврсто сврзани за три плазма протеини. Најголемиот дел од хормоните се сврзани за глобулинот кој сврзува тироидни хормони (ТВС), а остатокот од нив за албумин, додека Т4 се сврзува и за преалбуминот кој сврзува тироидни хормони. Иако само мала фракција останува несврзана, биолошки активени се само овие слободни циркулирачки хормони.

Иако Т4 е најобилниот тироиден хормон, како во тироидната жлезда, така и во циркулацијата, сепак тој не е најактивен. По неговото ослободување од жлездата, настанува дејодирање на Т4 и се формира 3,5,3′-тријодотиронин (Т3) којшто е најпотентниот тироиден хормон или 3,3А5′-тријодотиронин (реверзен Т3 или гТ3), молекула без никаква видлива биолошка активност. Во нормални услови, околу 80% од циркулирачкиот Т3 се добива по пат на екстратироидна конверзија од Т4, особено во црниот дроб и бубрезите. Најголемиот број од ткивата може интрацелуларно да го конвертираат Т4 во Т3 со што е овозможено телото да ја регулира релативната активност на тироидните хормони по секрецијата на Т4 од жлездата.

Нивоата на Т3 и гТ3 често се променуваат обратнопропорционално. Зголемени нивоа на гТ3 со намалени нивоа на Т3 се детектираат кај фетусот, при гладување и постење, по апликација на глукокортикоиди, како и при тешки акутни и хронични болести кои се опишуваат како болен еутиреотичен синдром.

Т3 се сврзува за специфични нуклеарни рецептори и комплексот рецептор-Т3 ја стимулира зголемената стапка на синтеза на тШЧА и протеините од специфичните целни гени. Тироидната термогенеза е резултат на зголемениот метаболизам на аденозин трифосфатот кој што е резултат на зголемениот транспорт на натриумот.

Оската хипоталамус-хипофиза е главниот регулатор на тироидната хомеостаза. Тиротропин ослободувачкиот хормон (ТКН), трипептид присутен во целиот ЦНС, се синтетизира во хипоталамусот и се транспортира преку хипофизниот портален систем до хипофизата, каде што ја засилува синтезата и ослободувањето на тироид стимулирачкиот хормон (Т5Н, наречен и тиротропин). Т5Н го стимулира растот на тироидната жлезда, преземањето на јодот, како и синтезата и секрецијата на тироидните хормони. Тироидните хормони го инхибираат ослободувањето на ТКН и секрецијата на Т5Н стимулирана од ТКН и на тој начин се заокружува хомеостатскиот систем на повратна спрега. Поради тоа, нивото на Т5Н е обратнопропорционално на циркулирачките нивоа на тироидните хормони и неговата голема сензитивност на промените на овие нивоа овозможува мерењето на Т5Н да биде одличен индикатор на активноста на штитната жлезда.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Болести на ендокриниот систем