Спирометрија
Со спирометрија можат да се мерат повеке белодробни волумени и капацитети и сите белодробни протоци, односно со оваа метода се проценува вентилаторната функција на белите дробови. Се работи за метода која лесно се изведува со адекватна соработка на пациентот.
Со спирометрија можат да се мерат повеке белодробни волумени и капацитети и сите белодробни протоци, односно со оваа метода се проценува вентилаторната функција на белите дробови. Се работи за метода која лесно се изведува со адекватна соработка на пациентот. Пациентот мора да биде способен да изведе форсиран инспириум и експириум, а нормалните вредности зависат од неговиот пол, возраст и телесна височина. Добиените резултати можат да се прикажат како апсолутни броеви или како проценти од предвидените вредности за соодветниот пациент (испитаник). Најважни параметри кои се добиваат со спирометрија се форсираниот витален капацитет , односно воуменот на воздух што форсирано се издишува по максимален инспириум, и форсираниот експираторен волумен во првата секунда, односно волуменот на воздух кој се издишува во првата секунда од форсиран експириум. Уредни вредности на овие параметри се вредностите кои изнесуваат 80% или повеке од нивните предвидени вредности. Односот РЕУј/РУС укажува на протокот на воздух во тек на експириумот што следи по максимален инспириум, а за уредни вредности на овој индекс се сметаат оние повисоки од 70%.
Нарушувања во спирограмот т.е. во вредностите на некои или сите наведени спирометриски параметри се јавуваат при повеке болести на белите дробови. Некои од овие болести доведуваат до опструктивни, а други до рестриктивни нарушувања на белодробната вентилација (табела 10-1). Опструктивните вентилаторни нарушувања (опструктивен тип на вентилаторна инсуфициенција) се најчесто предизвикани од астмата, емфиземот, хроничниот бронхит и централно локализираните ендобронхијални тумори. Заедничка карактеристика на сите опструктивни белодробни болести е намалувањето (редукцијата) на пречникот на луменот на дишните патишта во текот на експириумот. До стеснувањето на луменот на дишните патишта доага поради контракција на мазните мускули од нивниот 8ид (астма), зголемена секреција на мукус (хроничен бронхит), склоност на дишните патишта кон колабирање во експириумот поради губење на еластичноста на ткивото (емфизем) или опструктивна творба во луменот (ендобронхијален тумор). Спирометрискиот наод при опструктивните вентилаторни нарушувања се состои од намалени вредности на РЕУХ и БЕУј/ЕУС.
Рестриктивните болести на белите дробови доведуваат до намалување на вредноста на ЕУС и РЕУ]; а вредноста на ЕЕУурУС е сочувана. Рестриктивните вентилаторни нарушувања (рестриктивен тип на вентилаторна инсуфициенција) се јавуваат при некои невромускулни болести (амиотрофична латерална склероза), деформитети на зидот на градниот кош (кифоза), болести на белодробниот интерстициум (азбестоза), како и при болестите што ги зафакаат алвеолите (адултен респираторен дистрес синдром АРДС). При рестриктивните вентилаторни нарушувања предизвикани од невромускулните болести намалена е и вредноста на максималниот инспираторен проток . Овој параметар може лесно да се измери со манометар, а не се одредува рутински со спирометрија. Добиените вредности на М1Р можат да бидат различни доколку пациентот не одржува константен напор при форсираниот експириум.
Бронходилататорен тест
Проценката на разликата во вредностите на спирометриските параметри пред и по апликација на бронходилататор дава важни информации за природата на белодробната болест. Значајно зголемување на протокот на воздух низ дишните патишта по апликација на бронходилататор со дозиран инхалер говори за бронходилататорен одговор карактеристичен за астмата. Имено, порастот на вредноста на РЕУ^ за 12%, односно 200 т1, во однос на појдовната вредност при спирометрија изведена 15 минути по апликација на бронходилататор се смета за позитивен одговор. Негативниот бронходилататорен одговор не ја исклучува дијагнозата на астма бидејки болеста може да биде во ремисија во периодот кога е изведуван бронходилататорниот тест. Позитивниот бронходилататорен одговор во случаите на претходно регистрирано опструктивно нарушување на вентилацијата говори за реверзибилна опструкција на дишните патишта, еден од кардиналните знаци на астмата. Лажно негативни резултати од бронходилататорниот тест се добиваат доколку пациентот земал бронходилататор кратко време пред изведувањето на појдовната (нативната) спирометрија (а не најмалку 6 часови пред нејзиното изведување, како што се препорачува) или доколку постбронходилататорната спирометрија се изведува бргу по инхалацијата на бронходилататорот (а не по 15 минути, како што се препорачува).