Околу 7% од возрасната популација во САД има астма. Според водичот на Националната програма за едукација и превенција на астмата , астмата е болест на белите дробови која се карактеризира со инфламација и опструкција на дишните патишта и нивна зголемена реактивност на различни стимули.
Околу 7% од возрасната популација во САД има астма. Според водичот на Националната програма за едукација и превенција на астмата , астмата е болест на белите дробови која се карактеризира со инфламација и опструкција на дишните патишта и нивна зголемена реактивност на различни стимули.
Клиничките манифестации на астмата може многу да варираат, па поради тоа големо внимание треба да му се посвети на секој пациент, млад или возрасен, којшто се жали на потешкотии со дишењето. Според резултатите од епидемиолошките истражувања, преваленцијата на астмата, односно морбидитетот и морталитетот поврзани со оваа болест, бележат пораст во развиените земји
ПАТОГЕНЕЗА И ПАТОЛОГИЈА
Клиничката експресија на астматскиот фенотип се должи на интеракција мегу генетските и наследните фактори од една и факторите од надворешната средина (вклучително и инфективните фактори) од друта страна. Резултатите од истражувањата говорат за наследување на предиспозицијата за астма што веројатоно е поврзано со еден или повеке гени од хромозомот 5^31^33, кои се наследуваат заедно, а ја одредуваат бронхијалната хиперреактивност (БХР) и зголеменото ниво на имуноглобулинот Е (ИгЕ).
Дополнители фактори на ризик за настанување на астма се атопијата, присуството на астма кај едниот или кај двата родитела и изложеноста на тутунски чад.
Дури не се зголемија знаењата за патогенезата на астмата, односно дури не се откри дека болеста настанува како резултат на инфламација на дишните патишта што може да биде адекватно третирана, се сметаше дека во основа на патогенезата на астмата е бронхоспазамот. Всушност, бронхоспазамот настанува како резултат на дејството на медијаторите што се ослободуваат од инфламаторните клетки кои доагаат во дишните патишта при изложеност (експозиција) на различните вдишени агенси, а овој тип на БХР се сретнува при сите форми на болеста. Најважни инфламаторни клетки на астматското воспаление на дишните патишта се мастоцитите од бронхијалната слузница, Т2-помошните (хелпер) лимфоцити и еозинофилите, а најважни медијатори се проинфламаторните цитокини, леукотриените, адхезивните молекули и факторите на раст. Патохистолошкиот наод на пациентите со лесна астма и на лицата починати при акутна астма се карактеризира со акутни и хронични воспалителни промени на дишните патишта. Типичниот патохистолошки наод се состои од задебелена слузница на дишните патишта, десквамиран епител, хипертрофија на мускулниот слој, задебелена базална мембрана и зголемен број на инфламаторни клетки.
Во наредните поглавја хроничната и акутната астма се прикажани одвоено, но треба да се има предвид дека поделбата е поедноставена поради тоа што симптомите што упатуваат на акутна форма на болеста често пати ја рефлектираат неадекватаната или инсуфициентна терапија на хроничната форма на болеста.