Болести на белите дробови

Пневмоторакс

Пневмоторакс е насобирање на воздух во плевралниот простор. Спонтаниот пневмоторакс (пневмотораксот чија причина за настанување не може да се открие) обично се јавува кај високи и здрави мажи во третата или четвртата деценија од животот.

 

Клиничка слика и радиолошки наод

Пневмоторакс е насобирање на воздух во плевралниот простор. Спонтаниот пневмоторакс (пневмотораксот чија причина за настанување не може да се открие) обично се јавува кај високи и здрави мажи во третата или четвртата деценија од животот. Доколку спонтаниот пневмоторакс се повторува, индицирано е изведувањето на плевродеза. Причина на пневмотораксот може да биде руптура на субплевралните цисти (на пр. при пневмонија предизвикана од РпеитосузИз саппи), потоа траума на градниот кош, вклучително и јатрогените трауми (на пр. при бронхоскопија или при пласирање на централен венски катетер).

Големо количество воздух во плевралниот простор доведува до тахипнеа, цијаноза и хипотензија. Вредностите на функционалните белодробни параметри, исто така, зависат од големината на пневмотораксот.
На хемоторакс укажува отсуството на дишен шум над едниот хемиторакс при аускултација на белите дробови, а дијагнозата се поставува со радиографија на градниот кош. Работ од висцералната плевра на радиограмот се гледа како линија одделена од делумно колабираното белодробно крило. Во случаите на мала количина на воздух во плевралниот простор, радиграмот треба да се направи при максимален експириум на пациентот со што се зголемува густината на белодробното ткиво. Пневмотораксот е речиси секогаш унилатерален.

Третман

Во најголем број од случаите доага до спонтана резолуција на пневмотораксот, односно воздухот во плевралниот простор се ресорбира по што следи реекспанзија на претходно компримираното белодробно ткиво. Реекспанзијата се забрзува со примена на оксигенотерапија. Примањето на кислород го зголемува градиентот на парцијалниот притисок на азот во плевралниот простор и венската крв од алвеоларните капилари што доведува до дифузија на азотот во алвеолите и забрзана ресорпција на пневмотораксот.

Дренирање на воздухот од плевралниот простор со торакостомија е потребно кај мал број од случаите, односно во случаите со диспнеа или хипоксемија кај пациентот. Рецидивирачкиот пневмоторакс треба да биде третиран со хемиска или физичка плевродеза.

Тензиониот (вентилниот) пневмоторакс претставува медицинска итност. Кај овој вид пневмоторакс воздухот навлегува во плевралниот простор преку бронхоплеврална фистула (комуникација помегу трахеобронхијалното стебло и плевралниот простор) со секој инспириум, но не може да излезе од него при експириумот поради вентилниот механизам на фистулата. Тоа доведува до прогресивно насобирање на воздух во плевралниот простор и зголемување на интраторакалниот притисок што се пренесува на срцето и на големите крвни садови предизвикувајки хемодинамски колапс доколку не се интервенира ургентно. Интервенцијата се состои во итно сопирање (прекинување) на вентилниот механизам со пласирање на игла во плевралниот простор.

Сите пациенти со пневмоторакс треба да бидат грижливо следени, при што се препорачува нивна хоспитализација. Некомплицираните случаи на пневмоторакс кај инаку здрави лица можат да бидат лекувани амбулантски со примена на специјален амбулантски систем за дренирање наречен Хајмлихов залисток (валвула).

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button