Бронхопровоактивните тестови се применуваат за детекција на бронхијалната хиперреактивност (БХР). Изведувањето на овие тестови е индицирано кај лицата кои се жалат на астматски симптоми, а уреден спирометриски наод.
За изведување на бронхопровокативните тестови најчесто се применува метахолинот, холинергичен агенс што предизвикува бронхоконстрикција. Изведувањето на тестот се состои во инхалирање растечки концентрации метахолин, а 5 минути по инхалацијата на секоја концентрација метахолин се прави спирометрија и се следи вредноста на РЕУГ Тестот се изведува дури не се регистрира значајно намалување на вредноста на РЕУ , (намалување на вредноста на за најмалку 20% во однос на појдованата вредност) што говори за позитивен тест, односно до инхалирање на последната концентрација метахолин без значајно намалување на вредноста на РЕУ^ во однос на појдовната вредност (негативен тест).
Концентрацијата на метахолин по чие инхалирање доага до значајно намалување на вредноста на ЕЕУХ во однос на појдовната вредност се нарекува провокативна концентрација 20 (ргоуосаИуе сопсепђгаИоп 20 РС20). Позитивниот тест укажува на постоење на БХР, една од најважниоте карактеристики на астмата, присутна и во периодите на ремисија на болеста. Тестот завршува со апликација на бронходилататор за коригирање на бронхоконстрикцијата предизвикана со метахолинот.
