ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Одредување (мерење) на вкупниот белодробен капацитет

ЛекарИнфо редакција4 мај 2025
Дијаграм кој прикажува спирометриска крива на белодробен волумен низ време, со означени вредности за инспираторен резервен волумен (IRV), дишен волумен (TV), експираторен резервен волумен (ERV), резидуален волумен (RV), инспираторен капацитет (IC), витален капацитет (VC), функционален резидуален кап
Извор на сликата: M•Komorniczak -talk- Illustration by : Michał Komorniczak This file has been released into the Creative Commons 3.0. Att · CC BY-SA 3.0

Вкупниот белодробен капацитет е најважниот параметар за откривање на рестриктивните вентилаторни нарушувања. Вредностите на сите белодробни волумени мерени со спирометрија (на пр. РУС) се намалени при рестриктивните белодробни болести. БидејкИ тешките опструктивни белодробни болести, исто така, можат да доведат до намалени вредности на спирометриските параметри, дефинитивната дијагноза на рестриктивните вентилаторни нарушувања може да се постави само со мерење на. Рестриктивниот тип на вентилаторна инсуфициенција се карактеризира со намалена вредност на Т1Х. При тешките опструктивни нарушувања вредноста на Т11С ке биде зголемена поради изразената хиперинфлација и задршка на воздух во белите дробови.

Т1,С не може да се измери со спирометрија. За одредување на неговата вредност се применуваат методите на гасна дилуција или на телесна плетизмографија. За изведувањето на обете методи е потребна техничка екипираност која се сретнува во специјализираните лаборатории за функционална дијагностика на белите дробови, додека спирометријата може да се изведе и во ординациите за примарна здравствена заштита.

Телесната плетизмографија е попрецизна метода за мерење на Т1,С од дилуционата метода при опструктивните болести. Со оваа метода малите промени на волуменот на воздух во алвеолите и на алвеоларниот притисок се мерат во затворена комора во која седи пациентот (испитаникот), а гасниот волумени и белодробниот отпор се пресметуваат според Бојловиот закон за компресија на гасовите. Со телесна плетизмографија може да биде измерен целиот гас во градниот кош, вклучително и „заробениотсс гас поради емфиземот.

Методата на дилуција на гас прецизно го мери ТЈиС при чистите рестриктивни нарушувања, додека кај лицата со тешки опструктивни нарушувања неговата вредност измерена со оваа метода е пониска од вистинската. Имено, гасната смеса што се вдишува при изведувањето на оваа метода не може да се помеша со „заробениотсс гас во емфизематозните були, па затоа измерената вредност на Т1.С е пониска од вистинската вредност. Од тие причини, телесната плетизмографија е златниот стандард за мерење на вредноста на Т1Х и откривање на рестриктивните вентилаторни нарушувања.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Болести на белите дробови