Фиброза, калцификати и неоплазми на плеврата
Фиброзирање на плеврата може да настане при хронични воспаленија предизвикани од бактерии и микробактерии. Фокалната фиброза на плеврата има мало клиничко значење доколку дошло до резолуција на воспалителниот процес што ја предизвикал.
Фиброзирање на плеврата може да настане при хронични воспаленија предизвикани од бактерии и микробактерии. Фокалната фиброза на плеврата има мало клиничко значење доколку дошло до резолуција на воспалителниот процес што ја предизвикал. Дифузна фиброза на плеврата може да доведе до изразено рестриктивно нарушување на белодробната вентилација. Навременото лекување на плевропаренхимната болест ја намалува можноста од развој на дифузна фиброза на плеврата.
Експозицијата на азбест може да предизвика бенигна болест на плеврата, односно нејзино дифузно задебелување или појава на калцифицирани плеврални плакови. Овие промени настануваат по долготрајна професионална експозиција на азбест (20 и повеке години), а доведуваат до рестриктивни нарушувања доколку се поизразени.
Од друга страна, експозицијата на азбест може да предизвика и малигна болест на плеврата, односно малигнен мезотелиом. За разлика од другите болести на белите дробови и плеврата предизвикани од експозиција на азбест, малигниот мезотелиом може да се јави и по долготрајна експозиција (35 години и повеке) на ниски концентрации азбест. Основен симптом на мезотелиомот е градна болка, а може да се јави и кашлица, диспнеа и загуба на телесна тежина. Хируршкиот зафат е ефикасен кај мал број пациенти со мезотелиом, за најголем број од болните нема ефикасен третман, а просечното време на преживување изнесува 6 до 12 месеци по поставување на дијагнозата.