ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дифузиски капацитет на белите дробови за јаглероден моноксид

ЛекарИнфо редакција14 април 2025
Шематски цртеж на пациентка која седи на стол и дува во мундштук поврзан со уред за тестирање на белодробна функција поставен на маса.
Извор на сликата: DataBase Center for Life Science (DBCLS) · CC BY 4.0

Со мерење на дифузискиот капацитет на белите дробови за јаглероден моноксид (Б^СО), односно со мерење на трансфер факторот, се проценува интегритетот и функцијата на алвеокапиларната мембрана.

Со мерење на дифузискиот капацитет на белите дробови за јаглероден моноксид (Б^СО), односно со мерење на трансфер факторот, се проценува интегритетот и функцијата на алвеокапиларната мембрана

На овој начин се добива информација за ефикасноста на размената на гасовите помегу воздухот во белодробните алвеоли и крвта преку алвеокапиларната мембрана. Тестот се изведува така што пациентот вдишува гасна смеса која содржи мала концентрација јаглероден моноксид, го задржува вдишениот воздух барем 10 секунди, а потоа издишува во апарат кој го мери волуменот на издишениот воздух.

Афинитетот на јаглеродниот моноксид кон хемоглобинот е околу 200 пати повисок од тој на кислородот, така што тој лесно се врзува за еритроцитите од белодробните капилари. Намалена вредност на дифузискиот капацитет на белите дробови, односно намалена вредност на трансфер факторот, се јавуваат при нарушувања на алвеокапиларната мембрана предизвикани од болести што ги зафакаат крвните садови, алвеолите и белодробниот интерстициум. Такви болести се: васкулитите, интерстициските фибрози (пневмокониозите, алергискиот алвеолит, идиопатската белодробна фиброза и саркоидозата), емфиземот и АРДС.

Лажно позитивни резултати при мерењето на дифузискиот капацитет (ниска вредност што не одговара на неговата вистинска вредност) се добиваат кај лицата со анемија, а лажно негативни вредности кај лицата со полицитемија, поради што добиената вредност мора да се коригира со вредноста на концентрацијата на хемоглобин на пациентот. Во случаите на белодробно крвавење се добива повисока вредност на дифузискиот капацитет што се должи на врзување на јаглеродниот моноксид за хемоглобинот од алвеоларните простори. Во овие случаи не може да се процени интегритетот на алвеокапиларната мембрана, но испитувањето има клиничка важност. Имено, Рдг наодот на дифузни капацитети (ситни дифузни сенки) во белите дробови придружен со наод на зголемена вредност на дифузискиот капацитет упатува на крвавење во белите дробови. Од друга страна, најголем број од белодробните болести со сличен Рдг наод се придружени со наод на намалена вредност на дифузискиот капацитет.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Болести на белите дробови