Болести на белите дробови

Аспирациони синдроми

Аспирација претставува случајно внесување на течни или цврсти супстанции во респираторниот тракт. Се разликуваат три основни типови на аспирацини синдроми: (1) аспирација на трахеобронхијално туго тело која резултира со механичка опструкција, (2) аспирационен или хемиски пневмонит и (3) аспирациона пневмонија.

 

Аспирација претставува случајно внесување на течни или цврсти супстанции во респираторниот тракт. Се разликуваат три основни типови на аспирацини синдроми: (1) аспирација на трахеобронхијално туго тело која резултира со механичка опструкција, (2) аспирационен или хемиски пневмонит и (3) аспирациона пневмонија.

ПАТОГЕНЕЗА И ПАТОФИЗИОЛОГИЈА

Аспирационите синдроми не се чести кај здрави лица и покрај тоа што микроаспиарција на оралниот секрет се јавува во тек на спиењето кај најголем број луге. Рефлексите на кашлање, голтање и затворање на устата се ефикасни механизми за заштита на респираторниот систем од аспирација на позначајни количини на течни и цврсти материи. Нарушувања на еден или повеке одбранбени механизми можат да се јават при различни белодробни и вонбелодробни болести, какви што се: нарушувања на свеста, невролошки болести, гастроезофагеален рефлукс и др.

АСПИРИРАНО ТУГО ТЕЛО (МЕХАНИЧКА ОПСТРУКЦИЈА)

Трахеобронхијалната аспирација на туго тело претставува внесување на материјал што се заглавува во дишните патишта и предизвикува пречки во протокот на воздух. Во најголем број на случаи, како кај возрасните, така и кај децата, аспирираното туто тело е некој вид храна, обично зрно кикирики. Втората најчеста причина се стоматолошките материјали.

Во случај на комплетна опструкција на трахеобронхијалното стебло доага до летален крај доколку за неколку минути не се поврати проодноста на дишните патишта. За таа цел Хајмлиховиот маневар треба да се изведе без задоцнување. Годишната стапка на смртност поради аспирација на туго тело во САД се движи од 500 до 2.000 лица, а околу половина од нив се деца на возраст од 6 месеци до 4 години.

Некомплетната опструкција на дишното стебло се манифестира со кашлица и визинг, а доколку не се открие навреме обично се развива постопструктивна пневмонија. Третманот се состои во отстранување на тугото тело со ригидна или флексибилна бронхоскопија, а подобри резултати се постигнуваат со ригидната бронхоскопија.

Од друга страна, ригидната бронхоскопија се изведува под општа анестезија, додека фелксибилната бронхоскопија се изведува на свесен пациент со спонтана вентилација. Во случаите на постопструктивна пневмонија се даваат антибиотици, како и краток курс на кортикостероиди за смирување на воспалителниот процес.

АСПИРАЦИОНЕН ПНЕВМОНИТ

Акутното оштетување на белите дробови предизвикано од аспирација на токсични супстанции е наречено аспирационен или хемиски пневмонит. Со овој термин се исклучува болест на белите дробови предизвикана од микроорганизми. Аспирациониот пневмонит е најчесто предизвикан од аспирација на желудечен сок. Иницијалното оштетување е хемиското оштетување (изгореница) на бронхијалната слузница што може да се прошири до слузницата на терминалните делови од дишното стебло. Загубата на сурфактант може да доведе до појава на ателектаза, а дисрупцијата (раскинувањето) на алвеокапиларната мембрана до појава на белодробен едем.

Аспирациониот пневмонит најчесто се јавува кај лица со нарушена свест поради конвулзии, мозочен инзулт, алкохолизам или наркоманија, како и при општа анестезија. Комбинацијата на нарушена свест, атонија на желудникот и вештачка исхрана е најчестата причина за аспирационен пневмонит што се развива во хоспитални услови. Поставувањето на назогастричната сонда и трахеостомијата се предиспонирачки фактори за појавата на аспирационен пневмонит, а ендотрахеалниот тубус не е идеална заштита од аспирација.
Најважни симптоми на акутната аспирација се диспнеа и кашлица, но тие можат да бидат отсутни кај лицата со нарушена свест. Исто така, може да постои и тахипнеа и супфебрилна температура. Во најголем број од случаите клиничките и радиолошките манифестации на аспирациониот пневмонит спонтано се повлекуваат за наколку денови. Пациентите суспектни за аспирационен пневмонит кои немаат убедлива причина за болеста (на пр. општа анестезија) треба да бидат евалуирани за евентуални невролошки нарушувања како причина за аспирацијата.

АСПИРАЦИОНА ПНЕВМОНИЈА (ИНФЕКЦИЈА)

Аспирационата пневмонија е инфекција на долниот респираторен тракт што настанува како резултат од аспирација на бактерии. Фактори на ризик за појава на аспирационата пневмонија се истите како и за појавата на аспирациониот пневмонит, односно нарушена свест, невролошка болест, дисфагија и општа анестезија. Исто така, важни фактори се и болестите на периодонтиумот и гингивитот. Од друга страна, колонизација на вирулентни Грам-негативните бактерии често се јавува кај алкохоличарите и хоспитализираните лица.

Аспирационата пневмонија се манифестира со треска, кашлица, диспнеа и хипоксемија. Во радиолошкиот наод може да се сретне инфилтрација, кавитет или абсцесна формација, како и парапневмоничен излив или емпием. Текот на болеста може да биде фулминантен, акутен или субакутен. Најважни бактерии предизвикувачи на аспирационата пневмонија се патогените од усната празнина, какви што се: анаеробите (Вас1егоШе$, РизоВа&егшт и РерШКерЊсоса), потоа 8^герГососсш уггШапз, Могахепа саШггкаИз, ЕГкепепа соггоАет, 8Шрку1ососсиз аигеиз,како и нозокомијалните патогени {Еп1егокас1епасеае и РзеиЉтопаз).

За разлика од аспирациониот пневмонит, антибиотиците се примарен лек во лекувањето на аспирационата пневмонија. Антибиотикот мора да биде ефикасен против анаеробите, односно клиндамицинот е антибиотик на избор во лекувањето на аспирациона пневмонија предизвикана од овие бактерии. За покривање на Грам-негативните бактерии се применува втор антибиотик покрај клиндамицинот. Тешката некроза со нарушена архитектоника на белодробното ткиво може да го отежне лекувањето. За ерадикација на инфекцијата третманот треба да трае 6 недели или подолго, кај мал број од случаите рефрактерни на терапија потребно е да се направи хируршка ресекција на зафатеното ткиво. Како и во другите случаи на пневмонија, потребата од хоспитализација зависи од повеке фактори, какви што се: придружните болести, бројот на зафатените белодробни лобуси, тежината на хипоксемијата, менталниот статус, социјалната состојба на болниот итн.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button