ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Плашлива и крајно нервозна сестра - што да преземам?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Симптомите што ги има Вашата сестра не се никаква новост во денешно време. За жал, нашето секојдневие е исцрпувачко и стресно. Обврските знаат да нè притиснат и да ни го отежнат нормалното функционирање, што може да предизвика промени во однесувањето. Некои луѓе се справуваат на еден, а некои на друг начин. Тешкотиите и промените во однесувањето кои ги забележувате кај Вашата сестра укажуваат на некаков вид притисок и оптоварување, а тоа е неминовен факт. Меѓутоа, за да се подобри ваквата состојба, неопходно е да се обратите кај лекар специјалист и од него да добиете стручен совет и помош. Мојот совет е заедно со сестра си да посетите надлежен психијатар или евентуално психотерапевт, кој по преглед на Вашата сестра ќе го утврди точниот корен на проблемот и врз основа на дијагнозата ќе одреди соодветна терапија. До тогаш секако можете да и помогнете на Вашата сестра така што ќе бидете трпеливи и попустливи кон неа, ќе ја водите на прошетка или на некое дружење, во кино или на нешто слично, што ќе и помогне да ја насочи вниманието кон работи што ќе и се допаднат и на тој начин ќе и се олесни психичката состојба. Сепак, уште еднаш нагласувам дека е потребно да се обратите кај психијатар или психотерапевт кој ќе изврши детален преглед.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Психологија