ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се стане психички поотпорен на стрес?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Толеранцијата на фрустрации се развива постепено, уште во раниот развој, во присуство на родители или старатели кои имаат развиени способности за љубов и работа. Понекогаш тој развој има неповолен тек. Во вакви случаи би помогла психотерапија во подолг временски период, како и работа со психолог. Проблемот не може да се реши веднаш - потребно е време низ разговори да се разбере што плаши, што може да се толерира, а што не, како и зошто се случува тоа. Во секој случај, развојот на оваа способност, како и на другите способности за љубов и работа, може да продолжи со помош на едуцирана личност. Потребни се време и трпение. Обидете се прво да се прифатите себеси со сите доблести и мани, односно целосно - тоа е почеток на подобро функционирање.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Психологија