ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто се јавува надуеност во стомакот по оброк?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Проголтаниот воздух и гасовите што ги произведуваат бактериите во дебелото црево се два главни извори на гасови во цревата. Поголеми количини воздух може да проголтате кога брзо јадете, земате големи голтки течност, џвакате гума или пушите. Проголтаниот воздух најчесто се елиминира преку подригнување. Намирници кои предизвикуваат гасови се грашок, зелка, карфиол, брокола, скроб, растворливи влакна, компир, тестенина и пченица. Надуеноста на стомакот може да ја предизвикаат недоволно џвакана храна, нетолеранција на лактоза, чувствителност на глутен, хормонална нерамнотежа, стрес или употреба на антибиотици. Намирници кои е пожелно да се користат во борба против надуеноста се краставица, лубеница, белка од јајце, црно грозје, бадеми и тиквички. Ако често се чувствувате надуени, обидете се да водите дневник за исхрана за полесно да препознаете која храна ви пречи и која треба да ја избегнувате. Повремената надуеност е сосема нормална, но ако е постојано присутна и хронична, може да биде симптом на посериозни здравствени проблеми, па во тој случај консултирајте се со лекар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана