ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто постојано се дебелеам и чувствувам глад и покрај диетите?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кога брзо се губат килограми преку брзи диети за слабеење, обично тие килограми брзо се враќаат, а честопати се и добива на тежина, што на крај доведува до јо-јо ефект. За да се ослободат повторно од килограмите, луѓето често посегнуваат по нова брза диета, па се килограмите враќаат и целиот процес се повторува во круг. На изборот на диета најмногу влијае информацијата за брзината и количината на губење килограми - колку повеќе една диета ветува, толку побрзо луѓето посегнуваат по неа. Охрабрувачки е тоа што сè повеќе се шират информации за штетноста на таквите диети за здравјето, па сè повеќе луѓе се насочуваат кон здрав начин на губење килограми преку балансирана исхрана, помали но разновидни порции, повеќе оброци дневно и физичка активност. Кога се спомне физичка активност, повеќето луѓе веднаш помислуваат на исцрпувачко вежбање во теретани и фитнес центри. Меѓутоа, физичката активност е многу повеќе од тоа. Пешачење по скали, средување на просторот во кој живееме, дури и лесна прошетка се исто така форми на физичка активност. За нив не се потребни ни скапа опрема ни членство во локален фитнес клуб - само добра волја и време.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана