ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто е потребно да се јадат почесто помали оброци во текот на денот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Потребно е во текот на денот да се внесуваат повеќе оброци со помали количини храна. Освен рамномерност на оброците (обично тоа се три главни оброци - појадок, ручек и вечера - и две до три ужини), важно е да се внесуваат намирници од сите групи: житарки, овошје, зеленчук, месо, млеко, риба, јајца, масти и масла. Овие намирници треба да се комбинираат во разновидни јадења така што исхраната ќе биде оптимална - ниту преобилна, ниту недоволна. Јадете производи од цело зрно, внесувајте многу зеленчук, консумирајте овошје, храна со низок процент на масти и не заборавајте на физичка активност. Избалансираната, здрава исхрана мора да се прилагоди на нашите потреби, односно на секојдневните активности и ангажирање. Не држете строга диета, туку хранете се здраво и направете промена во вашиот живот - усвојте здрави навики и следете како вашето тело реагира. Секој од нас е специфичен и има свои потреби и активности, па во согласност со тоа треба да внесува онолку храна колку што му е потребно за оптимално функционирање.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана