ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто дијетата не дава резултати?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Само со дијета нема да успеете да ги отстраните вишокот масти. Најздраво е да се слабее преку нормална, редукциона исхрана во која се внесуваат сите видови намирници. Денес имаме неограничен пристап до храна, но сме недоволно физички активни, што создава притисок врз системот за регулација и доведува до нарушување на енергетскиот баланс и појава на дебелина. Клучот на решението е во паметен внос на храна и физичка активност. Физичката активност помага да се подобри метаболизмот, така што организмот подобро ги користи своите природни механизми за регулација на телесната тежина. Вежбањето, исто така, развива мускули, а колку повеќе мускулна маса имате, толку повеќе калории ви се потребни за одржување на базалниот метаболизам. Потребно е во текот на денот да се внесуваат повеќе помали оброци. Покрај рамномерната распределба на оброците (обично три главни – појадок, ручек и вечера – и една до две ужини), намирниците треба да се комбинираат во различни јадења така што исхраната да биде оптимална, ниту преобилна ниту недоволна. Јадете производи од цели зрна, внесувајте многу зеленчук, консумирајте овошје и храна со ниска содржина на масти, и не заборавајте на физичката активност. Балансираната, здрава исхрана треба да се прилагоди на нашите потреби, односно на секојдневните активности и обврски. Не држете дијета, туку се хранете здраво и направете промена во вашиот живот – усвојте здрави навики и следете како вашето тело реагира. Секој од нас е специфичен и има свои потреби и активности, па во согласност со тоа треба да внесува онолку храна колку што му е потребно за оптимално функционирање.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана