Зошто детето не сака да јаде месо?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Навиките во исхраната се меѓу најважните нешта што детето ги учи, а тешко се менуваат. Децата будно ги следат родителите и ги имитираат. Ако родителите немаат добри навики во исхраната, голема е можноста детето да ги нема исто така. Во возраст од две до пет години апетитот варира, па треба да се почитуваат тие промени - да се почека моментот кога детето е гладно и тогаш да му се понуди храна. Ако детето не јаде определена храна, најдобро е да се создаде мирна атмосфера, храната да се сервира атрактивно и да остане на масата доволно долго (не подолго од 30 минути), без коментирање на однесувањето на детето за масата. Многу деца ја оставаат храната што им е понудена - истата храна треба да се понуди повторно наредниот ден. Децата, како и возрасните, некои намирници ги сакаат, а некои не - не е чудно што одредена храна не им се допаѓа (потребно е да се понуди десетина дена за да се навикнат на неа). Треба да се избегнува форсирање, наговарање и наградување за јадење. Детето треба да јаде разновидна храна од сите групи намирници. Месото што му се служи на детето треба да биде сочно, бидејќи децата повеќе го сакаат така отколку суво, и добро е да се украси на интересен начин. Постепено да се воведуваат намирниците што детето ги одбива, со многу трпение.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?