Што е глутен и дали е тестот на толеранција потребен за секого?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата и другите житарки како овес, јачмен и раж. Основната улога на овој протеин е слична на улогата на „лепак“ – го поврзува брашното од житарките за да може да се испече компактен леб.
Кај лица со генетска предиспозиција, кај деца и возрасни, варењето на храна која содржи и најмала количина глутен предизвикува имунолошка реакција на тенкото црево, која доведува до хронична воспаление со последователно исчезнување на цревните ресички, придружено со симптоми кои се разликуваат од случај до случај.
Кај здрави лица цревните зидови се покриени со ресички и микровили, чија основна функција е зголемување на површината на слузницата за апсорпција на хранливите состојки. Кај целијачната болест цревните ресички скоро исчезнуваат, а цревната слузница е оштетена. Ова изедначено подрачје за апсорпција ја намалува или спречува апсорпцијата на хранливи состојки како белковини, масти, јаглехидрати, витамини и минерали, што предизвикува неисхранетост и влошување на општата состојба.
Целијакијата е болест широко распространета во светот. Дијагнозата на целијакија со себе носи и низа позитивни промени – со преминот на исхрана без глутен, пациентите постепено ги забораваат непријатностите кои ги придружувале со години. Животот со целијакија може да биде исто толку интензивен и пријатен, иако постојат одредени специфични правила.
Целијакијата се манифестира со дијареа, губење на телесна тежина, губење на сила, болки во стомакот, повраќање, а кај децата и со забавен раст. Не мора секогаш да се препознае во видлива форма. Доколку постои сомнеж за оваа болест, треба да се обратите кај гастроентеролог, кој ќе изврши потребните испитувања.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?