ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што е булимија?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Булимијата е нарушување во исхраната со психолошко потекло кое може да биде опасно по здравјето. Кај булимијата, лицето ја губи контролата над исхраната, се прејадува, а потоа се обидува да повраќа. Лицата кои страдаат од ова нарушување често користат средства за потиснување на апетитот и разни лаксативи. На овој начин спречуваат зголемување на телесната тежина и ги ублажуваат депресивните состојби кои го придружуваат ова нарушување. Булимијата може да доведе до нарушувања во организмот, како што се нарушување на рамнотежата на електролитите во крвта, нарушувања во работата на бубрезите, оштетувања на хранопроводот и желудникот, нарушувања во нормалното функционирање на цревата, како и појава на општа слабост на мускулите и коските. Булимијата се лекува со психотерапија.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана