ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Природни антиоксиданси во храната - како делуваат во организмот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Антиоксидансите се материи кои природно се наоѓаат во храната и го штитат нашето здравје и клетките од слободните радикали, кои ги оштетуваат клетките и можат да доведат до генетски мутации и појава на рак. Антиоксидансите се важни за нашиот имунолошки систем и потребно е да се внесуваат во доволни количини. Храна која содржи антиоксиданси е: свежо овошје (капини, боровинки, малини, јагоди, портокали, грејпфрут, мандарини, сливи, киви, јаболка...), зеленчук (црвена зелка, пиперка, артишок, ѓумбир), суво овошје, мешункасти растенија (грашок, компир, соја), орашести плодови и семиња, житарки (јачмен, просо, овес, пченка), зачини (цимет, оригано...).

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана