ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Недостаток на апетит и главоболка поради нередовни оброци — што да се прави?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Потребно е во текот на денот да се земаат повеќе оброци со помали количини храна. Освен рамномерност на оброците (обично тоа се три главни оброци - појадок, ручек и вечера, и две до три ужини), важно е да се внимава да се консумираат намирници од сите групи: житарки, овошје, зеленчук, месо, млеко, риба, јајца, масти и масла. Овие намирници треба да се комбинираат во различни јадења така што исхраната ќе биде оптимална, ниту преобилна ниту недоволна. Избалансираната, здрава исхрана треба да се прилагоди на нашите потреби, односно на секојдневните активности и обврски. Секој од нас е специфичен и има свои потреби и активности, па според тоа треба да внесува онолку храна колку што му е потребно за оптимално функционирање. Загубата на апетит може да биде предизвикана од безопасни појави како висока температура или лошо варење, но ако трае подолго, можно е да се работи и за некое посериозно заболување. Во тој случај потребно е да се јавите кај избраниот лекар, кој ќе ги исклучи евентуалните посериозни заболувања. Често се случува конкретната причина за загубата на апетит да не може да се утврди. Желбата за храна може да се поттикне на разни начини. Оброците треба да бидат помали и редовни, а препорачливо е да бидат составени од омилена храна. За добар апетит важен е и добар, здрав сон, како и пократки дневни одмори. Честопати загубата на апетит може да биде предизвикана од стрес, а тука помагаат благи масажи и ароматизирани бањи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана