ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Колку е здрав кикирикот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Здравите грицки, како лешник, орев, бадем, кикирик, кешу, бразилски орев, пистачи и друго, спаѡаат во групата на јаткасто овошје. Главна карактеристика на оваа група е што содржи минимална количина вода (3-8%). Поради таков состав, ова овошје има висока енергетска вредност (500-700 kcal), која потекнува од масти и јаглехидрати. Во мастите, односно во маслото, доминираат ненаситени масни киселини, додека наситените се значително помалку застапени. Содржат омега-3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања (го снижуваат LDL - „лош“ холестерол, а го зголемуваат HDL - „добар“ холестерол). Содржат влакнести материи кои го олеснуваат варењето и создаваат чувство на ситост, а истовремено намалуваат резорпцијата на масти во цревата. Важна карактеристика на јаткастото овошје е и високата содржина на биолошки вредни протеини (15-19%), а исто така се значаен извор на витамини од групата Б и витамин Е. Од минералните материи, најзастапен е фосфорот, потоа калиум, калциум, железо и бакар. Поради содржината на масти, треба да се внимава и да се користат како замена за мастите од месо, јајца и млечни производи. Препорачана количина е една дланка (околу 30 г) од овој вид овошје, 3-5 пати неделно. Кикирикот е извор на ниацин, фолна киселина, магнезиум, цинк и витамини D и Е. Помага во регулирање на крвниот притисок и нивото на шеќер и масти во крвта. Го намалува ризикот од срцеви заболувања и депресија. Треба да се внимава на количината која се консумира, бидејќи е многу калоричен. Освен тоа, може да предизвика алергии. Кикирикот треба да се купува во лушпа, бидејќи тогаш е со најдобар состав, и треба добро да се џвака до кремаста конзистенција, за полесно да се свари.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана