Колку е рукола здрава?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Рукола во последните години сè повеќе се користи во исхраната. Има благо горчлив вкус ако е самоникната, но на пазарите најчесто се наоѓа култивирана рукола, која е поситна... всушност покрупна и без горчлив вкус. Спаѓа во групата растенија од фамилијата на зелка, брокула, келераба и кељ. Содржи витамин Ц, витамини од Б-групата, фолати, калциум, фосфор, железо, магнезиум, калиум и бакар. Калориската вредност е околу 5 калории по порција. Многу е богата со влакна и антиоксиданти, а содржи и глукозинолати, компоненти кои се предмет на бројни истражувања во превенцијата на карцином. Најдобро е да се консумира сурова во салати. Може да се стави во сендвич за појадок, да се додаде во омлет, а секако и во салати за ручек во комбинација со друго зеленчук (зелена салата, радич). Рукола може да се јаде и за вечера, бидејќи салатите во комбинација со протеини се најдобра опција за вечерен оброк. Во Италија се многу популарни пици со голема количина рукола. Чувајте ја во фрижидер, во херметички затворена посуда, најдолго три дена.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?