ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Колку е пивото штетно?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Според египетската легенда, пронаоѓач на пивото бил Озирис, бог на плодноста, земјата и вегетацијата. Во старите времиња пивото не се сметало само за пијалак, туку и за лек и храна. Тоа древно пиће опстанало до денес и стекнало огромна популарност. Пивото е напиток што се добива со алкохолно вриење на слад од житарки, најчесто јачмен, со додавање на вода, хмељ и дрожина. Покрај вода, во пивото се присутни поголеми количини јаглехидрати и алкохол (2-4%), поради што пивото е калоричен пијалак. Меѓутоа, тоа е богат извор на витамини од групата Б (рибофлавин, ниацин), горчливи материи од хмељот, извесни количини неферментирани шеќери, минерални материи (калциум, железо, хром, бакар, силициум, фосфати и др.), протеини, млечна киселина, глицерин и пуринови бази. Составот укажува на хранливата вредност на пивото и на неговиот освежувачки вкус. Пивото го зголемува апетитот, помага при варењето на храната, влијае на зголемувањето на ХДЛ-холестеролот во крвта (добриот холестерол), делува антисептички на штетните бактерии во организмот и делува како благ диуретик, помагајќи во работата на бубрезите. Најчестото прашање е дали пивото угојува. Алкохолот е калоричен и се смета дека намалува способноста на организмот да согорева масти. Претерувањето со внесот на било која намирница или пијалак резултира со натрупување на масно ткиво. Ако се пие премногу, можат да се јават масни наслаги, особено околу стомакот. Таканаречениот „пивски стомак

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана