ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Колкав треба да биде дневниот внес на протеини, јаглехидрати и масти?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Според препораките на СЗО и ЕУ, протеините треба да учествуваат со 10-15% од вкупниот енергетски внес. Овие препораки се изразуваат преку калории во однос на вкупниот енергетски внес, а потоа се пресметуваат во грамови. На истиот начин се врши пресметка на потребите од протеини од растително и животинско потекло. Според видот и количината на аминокиселините во протеините, се проценува нивната биолошка вредност, односно степенот на искористливост од организмот. Потребите за внес на протеини се зголемени во периодот на растот и развојот на организмот, во бременост и лактација, како и при спортски активности. Јаглехидратите треба да обезбедат 55-75% од дневната потребна енергија, а едноставните шеќери најмногу до 10% од вкупната потребна енергија. Дневно треба да се внесуваат 30-40г диететски влакна. Внесот на масти треба да се ограничи на под 30% од дневните енергетски потреби. Потребите од витамини и минерали се одредуваат според референтни табели. При планирање на исхраната треба да се внимава дневниот план на оброци да вклучува разновидни намирници.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана