Колкав е препорачаниот дневен внес на витамини?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
При користење на витаминските суплементи треба да се води сметка дека секоја личност има свои специфични потреби, кои зависат од генетското наследство, годините, полот, околината и начинот на живот. На пример, потребите за витамин C се поголеми кај пушачите отколку кај непушачите, бременоста ја зголемува потребата за железо, додека интензивното тренирање бара поголем внес на витамините од B-комплекс и на магнезиум. Најважно е да се внимава на правилна исхрана и да се внесува доволно свежо овошје и зеленчук, но често тоа не е доволно за да се задоволат потребите на организмот. Суплементите со витамини и минерали треба да се земаат во соодветни, препорачани дози кои нема да го нарушат здравјето. Затоа се препорачува да се обратите до нутриционист, кој ќе ви препорача соодветни суплементи и нивни дози во зависност од потребите на вашиот организам.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?