Која храна е дозволена, а која забранета кај анти-кандида диетата?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Ако правилно разбрав, интересира ви диетата за третман на кандидијаза. Самата диета не е секогаш доволна – често се потребни и лекови, како и утврдување на причината за појавата на кандидијазата. Сепак, еве препорака за исхрана:
Храна која треба да се избегнува за времетраењето на анти-кандида диетата:
- Намирници кои содржат шеќер и сите јаглехидрати: сокови, алкохолни пијалаци, оцет, кафе и црн чај
- Сите житарки и сите мешункасти растенија
- Сите видови на овошје и сушено овошје
- Компир, печурки и коренасто зеленчук (цвекло, морков и слично)
- Млеко и млечни производи (освен кефир, јогурт и путер)
- Квасец, маргарин и готови сосови (кечап, мајонез)
- Сувомесни и конзервирани производи, бидејќи содржат глутамати, нитрити...
- Смеси од зачини кои содржат глутамати и екстракти од квасец
- Индустриски преработени намирници
- Рафинирани растителни масла
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?