ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Која е важноста на магнезиумот во исхраната?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Магнезиумот е, по својата застапеност, четврти минерал во човечкиот организам. Тој има многу важна улога во врзувањето на калциумот за коските, во опуштањето на мускулите и учествува во регулирањето на срцевиот ритам. Недостатокот на магнезиум доведува до губење на калциум од организмот и може да предизвика болки и грчеви во мускулите. Поголем ризик од губење на магнезиум имаат лицата кои прекумерно консумираат алкохол. Дефицит на магнезиум може да се сретне и кај лица кои често имаат дијареа, кај лица кои користат диуретици и контрацептивни таблети (богати со естрогени), како и кај лица со лоша и неурамнотежена исхрана. Потребите од магнезиум за возрасна здрава личност изнесуваат 200-300 мг. Препорачаната дневна доза е 6 мг по килограм телесна маса. Потребите за магнезиум се зголемуваат во периодот на раст, бременост или доење, а и кај интензивно физичко напрегање. Знаци кои можат да ни укажат на можен недостаток на магнезиум се чувство на постојан замор и општа успореност, мускулни грчеви, нарушен сон, главоболка, вртоглавица, како и изразена вознемиреност и нервоза. Ако сакате да внесете доволно магнезиум во организмот, јадете повеќе зелено лиснато зеленчук, бидејќи магнезиумот е поврзан со хлорофилот, и вклучете во секојдневниот оброк умерена количина посно месо. Освен во овие намирници, магнезиум има и во легуминозите (грав, грашок, соја, боб), бадемите, оревите, лешниците, оризот, сушените смокви и кајсии. Примери: 125 г интегрален ориз содржи 55 мг, 30-40 г бадем содржи 90 мг, 200 г спанаќ содржи 92 мг, 40 г интегрален леб содржи 30 мг, а 100 г црна чоколада со 70% какао содржи 11 мг магнезиум. Минералните води богати со магнезиум содржат во просек повеќе од 70 мг магнезиум по литар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана