ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кој шеќер е најздрав - бел, кафеав или кокосов?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Шеќерот е основно извор на енергија, но е неопходен и за одвивање на многу метаболички процеси. Во природен облик најчесто се среќава во вид на прости шеќери кои се најмногу застапени во овошјето. Освен во природен облик, најчесто се користи во рафиниран облик, како засладувач. Белиот кристален шеќер се добива од шеќерна репка или шеќерна трска и е најраспространет во човечката исхрана. Со преработката губи нутритивна вредност и има висок гликемиски индекс. Кафеавиот шеќер се добива од меласа на шеќерната трска, која му дава кафеава боја, поинаква арома и текстура (полукристализиран и леплив). Постапката на производство е малку поразлична од белиот шеќер - помалку се рафинира, а исто така може да се најде и во сурова форма. Калориски и по гликемиски индекс се многу слични на белиот шеќер. Кокосовиот шеќер се произведува од нектар на кокосов цвет. Поради начинот на производство, задржува голема количина на нутриенти од цветот на кокосот. Калориски не се разликува од другите видови, но има значително понизок гликемиски индекс. Постојат уште многу видови шеќери и засладувачи, како на пример фруктоза, јачменов и оризов слад, кои имаат понизок гликемиски индекс. Како засладувач може да се користи и медот, кој има нутритивна вредност и за разлика од другите засладувачи има антисептично, антибактериско и благо смирувачко дејство. За тие кои сакаат сладок вкус, а водат сметка за здрав начин на живот, се препорачува природен засладувач од билката стевија. Овој засладувач се наоѓа во продавниците во форма на течност или прашок. Околу 200 пати е послаток од обичниот шеќер и со него може да се реши проблемот со калориите кои се внесуваат преку храна. Целосно е безбеден за употреба и има 0 калории.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана