Кои витамини и суплементи да се земаат при строга дијета кај колитис?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кај пациенти со воспалителни болести на цревата најчесто се препорачува внес на витамин Е, фолна киселина (особено ако се користи терапија со сулфасалазин, која може да предизвика дефицит на фолна киселина) и цинк, во стандардни дневни дози. Од дијететските суплементи корисни се пробиотици, посебно при истовремена употреба на антибиотици. Околу 66% од пациентите со улцерозен колитис имаат дефицит на железо, кој настанува поради хронично, окултно или изразено крварење. Во зависност од нивото на железо, лекарот препорачува течни или цврсти препарати на железо, при што дозата зависи од степенот на дефицитот и индивидуалната подносливост. Корисни можат да бидат и омега-3 масните киселини, чии добри извори се ленено масло (една супена кашичка дневно, самостојно или во комбинација со салата) и рибино масло (околу две кафени кашичиви дневно, што обезбедува приближно 2 грама омега-3 масни киселини). Сепак, употребата на овие суплементи треба да се договори со гастроентеролог, кој има целосен увид во клиничката слика на болеста. Се препорачува и водење дневник на исхрана, во кој се запишува сѐ што е внесено во текот на денот, вклучувајќи ужини, со цел полесно да се препознаат намирниците што предизвикуваат тегоби. Бидејќи режимот на исхрана е индивидуален, корисно е да се побара совет и од специјалист по исхрана.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?